БМВ со голема свеченост ја пушти фабриката во Унгарија

Фабриката во унгарски Дебрецин важи како најмлада и најиновативна фабрика на групацијата БМВ.

Милан Недељковиќ, директор на производството во БМВ АГ (л.) и Ханс Петер Кемзер, директор на фабриката во Дебрецин

Оливер Ципсе, претседател на извршниот одбор на БМВ АГ свечено ја пушти во работа фабриката во Дебрецин, Унгарија. Во атмосфера проткаена со препознатливата унгарска култура, во универзитетскиот град Дебрецин, според менаџерите „почнува новата ера на компанијата.“

Кон завршетокот на октомври ќе започне сериското производството на новиот БМВ и Икс 3, како прв модел што ја користи платформата Ное Класе.

Дебрецин е развиена како иФактори, што значи дека претходно беше изработен дигитален близнак, во којшто се проверуваа и усовршуваа сите процеси во производството, пред да се започне со изградбата на самата фабрика. Сета енергија потекнува од обновливи извори.

На свеченоста присуствуваа и високи политичари од земјата, самиот унгарски премиер Виктор Обран, како и градоначалникот Ласло Пап, директорот на сите фабрики на БМВ, Милан Недељковиќ и уште бројни видни личности.

Оливер Ципсе во својот говор посочи дека Дебрецин е „прва целосно електрична фабрика, прв производствен погон во којшто не се користат фосилни енергенси и прва фабрика што произведува возила од Ное Класе.“ Секако дека е најважно тоа што производството се задржува во Европа.

Присуството на БМВ во земјата е важно и заради поддржувањето на локалната култура и образованието во Универзитетот Дебрецин, каде што групацијата доделува стипендии.

Одлуката за фабрика да се гради во Унгарија, како една од најголемите гринфилд инвестиции во земјата, беше донесена во 2018 година. Првата фабрика на БМВ во Централна Европа отвори директни работни места за 2.000 лица, а секако дека на тоа се надоврзуваат и работниците во фабриките на добавувачите за фабриката.

Дебрецин не е копија на друга фабрика на БМВ, туку во неа се применети најдобрите искуства од целата производствена мрежа. Каросериските погони (пресите), на пример, проектирани се по пример на фабриките во Спартанбург, САД и Свиндон, Велика Британија. Тука работат 1.000 роботи.

БМВ започна со производство на и-Икс-3 во Дебрецин, моделот ќе се произведува и во Кина

Во лакирницата е постигнато главното намалување на емисијата на ЦО2, со сведување на една третина од емисијата во останатите фабрики. Кога ќе се земат предвид сите зафати, вкупната емисијат на ЦО2 е намалена за 90 проценти и изнесува 34 килограми ЦО2 по произведен автомобил.

Една четвртина од годишната потрошувачка на струја се покрива фотоволтаиците на површина од 50 хектари. Неискористената енергија се насочува во топлински резервоар со големина од 1.800 метри кубни и капацитет од 130 мегаватчасови.

Тестот на БМВ Икс 3 во Аутомедиа

Врвен квалитет, меѓу другото, се постигнува со камери и сензори, а секако и со помош на ВИ. Производството е организирано по принцип на „фингер“, по пример на Лајпцих. Така се постигнува 80 проценти од деловите да се доставуваат точно до местото за нивно вградување. Сиот транспорт во фабриката е електричен.

Дебрецин е воедно и прва фабрика што произведува батерии од 6-та генерација. БМВ произведува батерии во 5 фабрики.

Претходна објаваПОРШЕ МАКЕДОНИЈА – 20 ГОДИНИ СТРАСТ, ВИЗИЈА И ЛИДЕРСТВО
Следна објаваЏагјуар Ланд Ровер го враќа производството по силниот сајбер напад

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here