Истражување во САД: Сопственици си ги продаваат Теслите, преоѓаат на други марки

Расте бројот на сопственици на возила Тесла во САД, кои преоѓаат на други и докажани автомобилски марки. Се избираат електрични автомобили од соперничките марки, но и бензински и хибридни модели, покажа студија на С енд П Глобал Мобилити.

Аналитичарите ценат дека причина е застарената понуда од модели на Тесла и ограничениот избор, којшто се сведува на само два модели. Покрај тоа, голем број клиенти се откажуваат од марката и поради есктремно десничарските излети на извршниот директор Илон Маск.

Во второто тромесечје, Тесла имала лојалност од 58,1 проценти, и со тоа му го препушти водството на Форд, каде што лојалноста е 59,6 проценти. Трет е Шевроле со 58 проценти. Во споредба со второто тромесечје лани, верноста на сопствениците на Тесла при изборот на нов автомобил годинава опаднала за дури 9,4 процентни бодови.

Единствено марката Доџ помалку ги убедува сопствениците да не ја менуваат марката и во истата временска рамка загуби 12,7 процентни бодови. „Падот на Тесла е драматичен,“ кажа Том Либи, директор за решенија за лојалност во С енд П Глобал Мобилити. Лојалноста е во постојан пад од почетокот на годината.

Докажаните производители си ги враќаат клиентите

Тесла планира во последното тромесечје да пушти во продажба поевтина изведба од својот најпродаван модел Ипсилон. В година треба да започне производството на Сајберкаб. Тој е дел од новата стратегија на компанијата, да се насочи кон услуги за превоз. Конкурентите како Вајмо, сепак се отидени многу понапред.

Во своите најдобри времиња, одвај дека Тесла се соочуваше со дорасната конкуренција. Производителот со право се водеше како пионер на електричните автомобили. Но, докажаните производители напредуваа и нудат изобилство од модели, со коишто ѝ го скусуваат пазарниот удел на Тесла.

Една третина се префрлиле на друг погон

Според С енд П Глобал Мобилити, разочараните сопственици на Тесла не само што ја менуваат марката, туку и погонот. Дел од нив се решава за електрични автомобили од конкурентските марки, дел преоѓаат на бензинци и хибриди, од Шевроле или Волво.

Истата студија сепак открива дека во првото полугодие, 70 проценти од клиентите останале на електричниот погон при изборот на ново возило од друга марка. Преостанатите 30 проценти избрале друг погон. „Изненадува колку луѓе преоѓаат на бензинци“, вели Либи.

Тесла не привлекува нови клиенти

Студијата го покажува и соодносот на привлекување клиенти и откажување на клиентите во споредба со останатите марки. За Шевроле, соодносот е 2:1 во корист на Тесла.

Тоа покажува дека повеќе клиенти преминале од Шевроле на Тесла, отколку обратно. Но, една година претходно, соодносот изнесуваше дури 4:1. Во споредба со Форд, соодносот во второто тромесечје е 1,9:1, додека лани биле 2,4:1.

БМВ ја „уништи“ Тесла

Најдрастичен пример е БМВ. Пред пет години, соодносот изнесуваше 9:1 во корист на Тесла, додека денес се само 1,5;1. Од сопствениците на Тесла, што се префрлиле на БМВ, 47 проценти се решиле за бензинци, 42 проценти за ЕВ, додека 11 проценти за хибриди.

Претходна објаваПремиум марката ДС на пат да се претопи во Ситроен
Следна објаваАуди за 30 минути собра 10.000 преднарачки за својата кинеска подмарка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here