Јапонските производители на автомобили ќе загубат 18 милијарди евра со царините на Трамп

На јапонските производители на автомобили годинава ќе им пристигне заедничка сметка во висина од 18 милијарди долари, и покрај трговската спогодба за царините во САД да се спуштат на 15 проценти.

Тојота ќе плати највисока царина, но ударот врз профитот ќе биде далеку помал отколку кај останатите јапонски производители

Колку ќе платат јапонските производители на автомобили за царините на претседателот Доналд Трамп? Се чини дека колку е поголем производителот, толку е поголема штетата што ја предизвикуваат царините.

Шесте јапонски производители на автомобили што продаваат во САД, ги очекува царина во вкупна висина од 18,2 милијарди долари, по завршетокот на тековната фискална година на 31-ви март 2026 година.

Можно е трошоците да станат уште поголеми.

Јапонија уште чека за Вашингтон да почне да ги применува договорените пониски царини. Производителите уште чекаат да се финализира договорот за царини за увоз од Мексико, а веројатно и од Канада, каде што јапонските фабрики долго време ги произведуваат автомобилите што ги продаваат во САД.

Предвидувања за штетата од царините во САД

На корпорацијата Тојота Мотор, засега отпаѓа повеќе од половина од вкупната царина што ќе ја платат јапонските производители на автомобили, само поради тоа што Тојота е најголем производител на автомобили во светот и најголем јапонски играч на пазарот во САД. Корпорацијата е на врвот, со царина од близу 10 милијарди долари.

За споредба, Мазда Мотор годишно продава 1,3 милион возила на светскиот пазар, наспроти 9,4 милиони на Тојота, и соодветно ќе се соочи со царински трошок од 1,6 милијарда долари. Тоа е шестпати помалку во споредба со Тојота.

Мазда претежно ги увезува возилата што ги продава на важниот пазар во САД и компанијата предвидува дека профитот годинава ќе ѝ се намали за 73 проценти. Тојота и покрај огромниот износ за царините ќе претрпи помал удел и очекува оперативната добивка да ѝ се намали за 33 проценти.

Јапонските производители го избегнаа сценариото што можеше да биде уште полошо

И покрај десетиците милијарди ќе ги потрошат на САД, јапонските производители доживеаја колективно олеснување, откако Вашингтон и Токио во јули постигнаа пресвртница и договорија царините да се спуштат на 15 проценти. Пред тоа, јапонскиот увоз во САД подлежеше на царинска стапка од 27,5 проценти, со новите 25 проценти на владата на Трамп, што беа додадени на претходните 2,5 проценти.

Без договорот, производителите од Јапонија ќе се соочеа со уште поголема сметка за царини

Сите јапонски производители, со исклучок на Нисан, пак очекуваат дека ќе ја завршат фискалната година со добивка. Во Нисан е во тек претструктурирање и компанијата ги нема соопштено прогнозите за годинава.

Тојота очекува добивка од 22,1 милијарди долари, со солидна маржа од 6,6 проценти. Тоа воопшто не е лошо за голем прекуокеански извозник.

Дури и домашниот Џенерал Моторс предвидува дека царините годинава ќе го скусат профитот за 4 до 5 милијарди долари. Компанијата очекува чистата добивка да се движи меѓу 7,7 и 9,5 милијарди долари.

Тојота останува неоштетена и покрај високите царини

Вредноста на акциите на Тојота ви изминатиот месец порасна за 18 проценти, како резултат од случувањата.

„Високата побарувачка за хибридните возила во САД, способноста да ги реализира поскапувањата преку својата докажана марка и високата способност за скусување на трошоците, како интерно, така и преку добавувачите, ќе надоместат поголем дел од ударот од царините,“ објави Масахиро Акита, аналитичар на Бернштајн.

Јапонските производители на автомобили ја ублажуваат штетата од царините преку низа одбранбени мерки

Тие ги покачуваат цените во САД, ги скусуваат трошоците, ја зголемуваат продукцијата на возила во земјата со цел да го ублажат ударот од царините и преку зголемена продажба на останатите пазари ширум светот надоместуваат за скусениот промет во САД.

Помага и забавената побарувачка за електрични возила во САД. Јапонските производители побавно инвестираа во проширување на својата понуда од електрични модели. Откако побарувачката за ЕВ почна да опаѓа, Јапонците профитираат во САД од широката понуда од хибриди и модели со мотор со внатрешно согорување.

На јапонските компании им помага и тоа што курсот на јенот е ослабнат, додека доларот јакне.

Производителите на автомобили од далечниот исток го користат дури и домашниот пазар, како своевиден бафер

Јапонските производители ги качија цените во Јапонија. Поскапувањето се движи од 2 до 10 проценти, објави јапонскиот автомобилски гласник Никан Јидоша Шимбун.

Во Јапонија не се вообичаени такви поскапувања, каде што дефлацијата ја притиска економијата. Според објавата, производителите извршиле мали освежувања во новото моделско годиште на своите модели, како резултат од новата политика што е сменета поради САД. Преку овие поскапувања се надоместува за трошокот од царините преку океанот.

Производителите на автомобили од Јапонија засега добро го издржуваат ударот, благодарение на длабокиот џеб, ефикасното работење и добрата продажба. На домашниот пазар дури порасна продукцијата за 1,2 процент, на 4 милиони возила во првото полугодие.

Испораката на возила од Јапонија во САД учествуваше со 24 проценти во извозот од земјата во јули.

Бројот на испорачани возила во САД се намали за 3,2 проценти, на 133.531 возила. Но, вредноста на извезените автомобили, камиони и автобуси се намали за 28 проценти.

Опаднатата вредност укажува дека јапонските компании помалку им наплаќаат на своите увозници во САД, за тие да можат да ги задржат цените.

Претходна објаваКиа в година почнува со производство на својот најдостапен ЕВ во Словачка
Следна објаваОпел ја најавува идната Корса преку електричен концепт со 800 КС за салонот ИАА

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here