Џенерал Моторс има намера да почне со увоз на батерии за електрични автомобили од кинескиот гигант во производството на батерии КАТЛ, дознава Ројтерс од извор што е упатен во случувањата.
Со оваа спогодба, Џенерал Моторс постигна преодно решение за следните неколку години, додека се подготвува за сопствено производство на батерии што чинат помалку и користат хемија литиум-јон-фосфат (ЛФП), наведува изворот.
„Со години наназад, останатите производители од САД се зависни од странските добавувачи, од коишто набавуваат батерии ЛФП и плаќаат лиценци за користење на технологиите. За да ја задржи конкурентноста, Џенерал Моторс привремено ќе ги набавува батериите од слични добавувачи, коишто ќе се вградуваат во нашиот најдостапен модел со електричен погон,“ објави Џенерал Моторс во соопштението.
Џенерал Моторс соопшти дека во САД продава 12 модели со електричен погон, со батериски ќелии од домашно производство, за во 2027 година да почне во САД да проиведува и батерии ЛФП.
Вол Стрит Журнал уште претходно објави дека Џенерал Моторс планира да ги увезува батериите.
Видеото од тестот на Рено 5 во Аутомедиа
Светските производители на автомобили се соочуваат со остра конкуренција од кинеските производители на електрични возила, како и со ценовна војна, што влијае врз увозот на клучни делови, каде што спаѓаат и ретки минерали, поради што пораснаа трошоците за производство.
Соперникот на Џенерал Моторс, Форд Мотор, исто така изработува батериски ќелии со користење технологија од КАТЛ, со цел да се смалат трошоците за батериите за електрични автомобили.
















