Мерцедес ГЛЦ на струја доаѓа со сосем нов изглед на маската

Кога изведбата на ГЛЦ со електричен погон ќе се појави наесен на ИАА во Минхен, таа ќе го има ликот на иднината. Тоа ќе биде нова ера на дизајнот на Мерцедес-Бенц.

Новата маска што ја донесува ГЛЦ јасно влече линии од традиционалната маска на Мерцедес-Бенц, но приспособена е да се совпаѓа повеќе со дизајнот на идните модели на штутгартскиот производител.

Мерцедес-Бенц ГЛЦ со технологија Е Ку – како што во иднина ќе се означуваат електричните модели на марката, место Е Ку Ц досега – е прв сериски модел со новата маска. Во формата многумина ќе ја препознаат масивната маска на генерацијата 126, односно на С-класата од 1970-те години. Основата на новиот дизајн е ослободување од вишок детали, чисти линии и многу технологија.

Премиерата на Мерцедес-Бенц ГЛЦ со технологија Е Ку ќе биде на 7-ми септември, на салонот ИАА што веќе извезно време се одржува во Минхен, место во Франкфурт.

Хромираната маска подолго од 100 години е главното обележје на речиси секој модел на Мерцедес-Бенц и таа постојано се менуваше низ годините. Првите автомобили имаа исправена маска, за потоа да се премине на хоризонтална маска.

Историското портфолио ги издвојува легендарните Мерцедес-Бенц 600 Пулман (В 100, 1963–1981), „Штрих 8“ (В 114, 1968–1973), како и генерациите на С-Класата В 108 (1965–1972) и В 111 (1959–1968), како модели што најверно ги покажуваа промените во изгледот на маската.

Хромираната маска е највидливо отелотворение на генот на Мерцедес-Бенц. Тоа значи дека кога ќе се види оваа маска, несомнено е од која марка доаѓа автомобилот.

Кај електричниот ГЛЦ е сменет изгледот, но и функцијата на маската. Додека кај моделите со мотор со внатрешно согорување, маската има важна функција да донесува воздух до моторот, тука електромоторот и целиот погон на струја немаат потреба од воздух, па затоа и маската е изведена на посебен начин.

Секако дека голема промена е тоа што маската на ГЛЦ со технологија Е Ку ќе биде осветлена ефектно. Маската се состои од три главни елементи: Широка хромирана рамка, решетката структура од замаглено стакло и осветлени контури. Како опција ќе биде достапна и целосно осветлена изведба, со вкупно 942 точки со заднинско осветлување. Постои и можност за точките да изведат анимација. Тука дополнително се осветлени ѕвездата и целата контура околу маската.

Претходна објаваЕвропски пазар: Расте продажбата на приклучни хибридни и кинески СУВ
Следна објаваНисан сака со електричната Микра да ги освои жените

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here