
Со раст од 13 проценти и продадени 21.426 возила, Клио привлече најмногу купувачи во Европа во минатиот месец. Предноста пред Сандеро е само 470 возила.
Сандеро, најпродаван модел во Еворпа во цела 2024 година и шампион во првите три месеци од годинава, исто така постигна раст во мај, со 5,8 проценти во плус во споредба со истиот месец лани.
Големиот победник во продажната трка во мај е групацијата Рено, каде што спаѓаат матичната марка Рено и романската Дачиа, со три модели во Топ 10. Дачиа Дастер е деветти најпродаван модел, со раст од 8,1 проценти и продадени 14.998 примероци.
Моделското трио на групацијата Рено брои вкупно 57.380 продадени возила во Топ 10, што значи дека 33,5 проценти од вкупната продажба на 10-те најбарани модели во мај, одат во корист на француската групација. Тоа го покажаа податоците на аналитичарската куќа Датафорс, со податоци за ЕУ, ЕФТА и ОК.

Втора е групацијата Фолксваген со удел од 30 проценти во вкупната продажба во Топ 10, со Т-Рок, Голф и Тигуан, што заедно се продадоа во 51.349 примероци.
Стелантис има два градски модели од Пежо во Топ 10, тоа се 208 и неговиот СУВ-пандан 2008.
Кои се останатите големи добитници во Европа во мај?
Продажбата на МГ ЗС порасна за 21 проценти, на 11.580 возила, што на малечкиот СУВ му го донесе 16-то место во мај, десет места повисоко во споредба со мај 2024 година.
БМВ Икс 1 се искачи на 19-то место, од 27-то место во минатата година, со продадени 11.166 возила, што претставува раст од 19 проценти.
Посебно се впечатливи резултатите на четири модели на Шкода, на Елрок, Камик, Фабиа и Кодиак, коишто се наредени од 29-то до 32-то место.

Компактниот СУВ со електричен погон, Елрок, учествуваше со 9.254 примероци во вкупната продажба на Шкода во мај, што е главната причина за чешката марка на Фолксваген да постигне раст од 15 проценти и продадени 72.472 возила.
Дали Киа Стоник е моделот со најдобра противвредност до 20.000 евра?
Меѓу останатите добитници во Топ 50 се Мини Купер (+41 проценти), Џип Авенџер (+34 проценти) и Мерцедес-Бенц ГЛЦ (+31 проценти).
Тесла Ипсилон беше најпродаван модел во Европа во 2023 и на 4-то место лани, меѓутоа побарувачката годинава е слаба. Продажбата во мај падна за 7,5 проценти и се сведе на 10.389 возила.
Тоа ѝ донесе 23-то место на Тесла, што сепак е голем напредок во споредба со април, кога Ипсило беше на 84-то место.















