Топ 10 најпродавани модели во Европа по сегменти (Дел 2): СУВ од сите класи, компактни, малечки, средни и големи

Пежо 3008 ја зголеми продажбата за близу 50% во првите три месеци од 2025 година во споредба со истиот период лани

Во првите три месеци од 2025 година, според првичните податоци што покриваат 93 проценти од пазарите во ЕУ, ЕФТА (Швајцарија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн) и Обединетото Кралство, најпродавани се следните СУВ-модели по одделни сегменти:

Во класата на компактни СУВ-модели во првото тромесечје се продадени 602.191 возила или за 18,1 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Тоа е најпродаваниот автомобилски сегмент на европскиот пазар во првите три месеци од 2025 година.


Во класата на малечки СУВ-модели во првото тромесечје се продадени 565.206 возила или за 4,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Тоа е вториот најпродаван автомобилски сегмент на европскиот пазар во првите три месеци од 2025 година и претходно најголем сегмент во Европа.

Во класата на СУВ-модели од средната класа во првото тромесечје се продадени 174.212 возила или за 3,0 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Драстично смалената побарувачка за моделите на Тесла, ги насочи купувачите кон конкурентските марки и продажбата во сегментот остана приближно во исти рамки како пред кризата на марката од САД.

[the_ad id=”85764″]

Во класата на големи СУВ-модели во првото тромесечје се продадени 34.745 возила или за 105,1 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. За растот е заслужен првенствено кинескиот БИД Сил Ју.

Претходна објаваСитроен Ц5 Еркрос влегува во втора генерација со повеќе простор и плус електрична изведба
Следна објаваКинески Чери пред договор да произведува во фабрика на Фолксваген во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here