Рено и Џили ќе продаваат генератор на бензин за вградување во електрични автомобили

Целата идеја е во тоа што на елеткричната погонска единица ѝ се додава мал бензинец што произведува струја и ја полни батеријата

Рено и кинескиот Џили го започнаа заедничкиот бизнис под името Хорс, со намера да ги снабдуваат производителите на автомобили со мотори, по истиот принцип по којшто добавувачите испорачуваат стакла, седишта, издувни системи, катализатори – со големата разлика што тука се нарачува цел мотор. Или барем генератор што работи на бензин и помага кај електричните автомобили.

Системот што Хорс сака да им го продава како решение на производителите на автомобили се води како Фјучр Хајбрид Концепт, односно концепт на хибрид на иднината и се состои од малечок бензинец што произведува енергија за полнење на батеријата, електромотор и инвертор.

Хорс го рекламира овој систем на салонот во Шангај како решение што на производителите на автомобили им овозможува електричните автомобили да ги претворат во хибриди. Тоа секако не значи дека секој сопственик на ЕВ ќе може да се јави во Хорс и да нарача „хибрид на иднината“ и да го вгради во првиот сервис, туку е решение што ѝ се нуди на индустријата.

Француско-кинеските погонски визионери гледаат пазар за својот хибрид на иднината кај производителите што имаат потреба платформите за своите електрични автомобили да ги искористат и да изведат божем хибридна варијанта, доколку пазарот бара такви погонски варијанти.

Предноста според Хорс е во тоа што производителите на автомобили со ова решение не мора да развиаат посебна платформа за модели со целосно електричен погон и посебна платформа за модели со мотор со внатрешно согорување.

На производителите ќе им биде поевтино да го нарачаат хибридниот систем на Хорс и да го вградуваат во своите електрични модели, понудувајќи моделска варијанта со продолжен досег, односно со малечок бензинец што работи како генератор.

Првите модели што се опремени со овој систем ќе почнат да се продаваат во 2028 година, соопшти Хорс Пауертрејн.

„Подолго од една деценија се чинеше дека батериските електрични возила се единствениот пат кон нулта емисија, и производителите планираа соодветно на тоа,“ објаснува извршниот директор на Хорс Пауертрејн, Матијас Џанини. „Ние во моментов сепак се префрлуваме кон технолошки неутрален свет, со различни пазари и апликации што посебно си го водат своето патување кон чиста мобилност.“

Хибридот на иднината на Хорс се состои од бензински мотор, електромотор и преносен механизам. Освен на бензин, моторот може да работи на биогорива и на синтетски горива.

Модуларната погонска единица може да се вградува во постоечките платформи за електрични возила во замена за електричниот погон на предната оска, но и во замена за обични мотори. Хибридот на Хорс се прицврстува на помошната рамка во кошот за мотор, без потреба да се вршат посериозни зафати.

Фјучр Хајбрид Концепт се поставува во постоечка платформа за електрични модели и ја заменува предната погонска единица, порачуваат од Хорс Пауетррејн

Бензинецот служи единствено како генератор и произведува електрична енергија, што понатаму се насочува кон батерија. Тоа значи дека моторот не ги движи погонските тркала директно. Преносниот механизам и погонските оски овозможуваат да се изведе и погон на сите тркала.

Овој вид возила не е нов на сцената, напротив, во Кина се особено популарни овие електрични возила со продолжен досег, односно ЕРЕВ – Екстендед Рејнџ ЕВ.

Хибридот на Хорс е доволно компактен да го собере во кошот за „мотор“ на повеќето платформи што се наменети за електричен погон.

Модулот се вградува попречно и содржи контролер, инвертер, трансформатор и сопствен полнач. Изненадува податокот дека техниката дозволува да се користи 800-волтно полнење.

Хорс Пауертрејн е со седиште во Лондон и ги соединува бизнисите со мотори со внатрешно согорување и погонски системи на Рено Груп и Џили, кои поседуваат по 45 проценти од акциите. Трет партнер со помал удел (10%) е Сауди Арамко, којшто повеќе е насочен во инвестирање за алтернативни горива.

[the_ad id=”85764″]

Компанијата очекува во иднина да продава по 5 милиони мотори годишно, како и да развива погонски системи што заеднички ќе ги користат Рено и Џили. Во повеќе од 15 фабрики работат околу 19.000 лица.

Првиот договор за испорака на хибридот беше потпишан лани во септември. Хибридот што се базира на трицилиндарски 1,0-литарец ќе се вградува во минибус наменет за јужноамериканските пазари.

Претходна објаваЦарините на Трамп ги расипаа плановите на Рено да ја продава марката Алпин во САД
Следна објаваПостигнат Милион · „Актуелната Opel Corsa Апсолутен бестселер“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here