Пежо омилена автомобилска марка на Французите

Во истражувањето што го спроведе ценетата агенција Опинион Веј, Французите ја избраа Пежо за најомилена автомобилска марка.

Анкетата беше спроведена на репрезентавивен пример на населението и имаше за цел да покаже, дали и колку Французите ги ценат автомобилските марки. Со ова признание се потврдува трудот, што Пежо со години го вложува во негувањето на имиџот на марката и моделите, како и учеството во пазарната трка.

Пежо на прво место меѓу возачките и возачите

Истражувањето беше спроведено меѓу 19-ти и 21-ви март 2025 година, меѓу 1.032 лица на возраст од 18 години нагоре. Пежо освои намногу позитивни гласови од сите автомобилски марки. Според авторите на истражувањето, на овој начин „се докажува довербата на јавноста кон марката, којашто во изминатите години се издвои преку развојот на нови модели и проширувањето на својата понуда од модели“.

За популарноста на Пежо посебно придонесоа СУВ-моделите 3008 и 5008. Двата модели што први во концернот Стелантис ја користат новата платформа Стела Медиум, поставија нови мерила во своите класи. Пежо доследно ја следи својата цел да ја зголеми продажбата на електрични модели, што е главен предизвик во автомобилската бранша денес.

Постојана посветеност кон иновација

Стратегијата на Пежо претставува спој меѓу иновација и адаптација според новите барања на пазарот. Францускиот производител го насочува вниманието првенствено во погонот, во конективноста и во дизајнот, коишто се главни критериуми што решаваат за изборот на купувачите.

За високата популарност, освен самите автомобили, придонесе и искуството на корисниците, како во поглед на квалитетот на возилото, така и во поглед на сервисирањето.

Ален Фави, новиот извршен директор на Пежо, наследник на свежо пензионираната Линда Џексон, изјави дека „изборот за омилена автомобилска марка во Франција ни претставува огромна чест.“ Шефот додава дека наградата се должи на постојаната посветеност во дизајнот, иновирањето и квалитетот. „Годинава ќе биде фокусирана на перформансите на бизнисот, и со нашата заокружена понуда од модели, и со успехот на Пежо 3008 и 5008, како и со довербата од Французите, верувам дека имаме сé што ни е потребно да успееме,“ порачува Фави.

Видеото од тестот на Пежо 3008 ГТ

 

Претходна објаваГермански Телеком ја пречкрта Тесла од листата на службени возила
Следна објаваФорд: Вработени протестираат поради неизбежниот банкрот на марката во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here