Германски Телеком ја пречкрта Тесла од листата на службени возила

Тесла имаше големи надежи дека ќе привлече повеќе интерес со освеженото моделско годиште на Тесла Ипсилон.

Тесла наидува на сé поголеми проблеми во Германија, во наоѓањето компании што ќе земат возила Тесла во својот возен парк. Сега и Телекомот ги пречкрта моделите на калифорнискиот производител на електрични автомобили од списокот.

„Имаме Тесли во возниот парк, но во моментов не им нудиме ниту еден модел на нашите вработени,“ изјави Олга Невска, директорка на Телеком Мобилити Солушн за Аутомобилвохе, гласникот на германската автомобилска индустрија. Тоа е лоша вест за марката. Компанијата што котира на германската берза го има вториот најголем возен парк во земјата. Тоа се околу 18.000 возила во служба на Телекомот.

Првиот возен парк со модели на Тесла

Невска и нејзиниот тим остануваат отворени за новото и напредното во поглед на електромобилноста. Телеком беше прва компанија што зеде возила Тесла во својот возен парк. Решавачки фактор при ставањето на список во 2019 и 2020 година беше релативно големиот досег на моделите на Тесла.

Експертката за возниот парк на Телеком сепак посочува неколку недостатоци. Проблем е тоа што Тесла комуницира директно со возачите и со тоа ги руши правилата во компанијата.

Слаб интерес меѓу корисниците на службени возила

Друга е причината за тргањето на Тесла од списокот на Телеком: „Нашите вработени едноставно беа малку заинтересирани за Тесла“, вели Невска.

„По секој квартал ја проверуваме нашата понуда и марките ги вклучуваме или исклучуваме.“ За возило да биде прифатено во возниот парк на Телеком, решаваат три критериуми. Прво треба да постои интерес, понатаму понудата треба да биде исплатлива, и секако, сервисирањето е решавачко.

Сервисната мрежа на Тесла е нецелосна

Критиките кон Тесла беа насочени кон следните подрачја: Премал е бројот од 50 сервисни работилници, за да може да се каже дека сервисната мрежа ја покрива целата земја. При помали проблеми помага мобилниот сервис, но во повеќето случај тоа е недоволно.

Голем број од компаниите се уплашени и од цените. Тие што ризикуваа и купија возило, имаа поучна лекција кога Тесла пред две години драстично ги скуси цените на своите возила. Сопствениците загубија многу пари.

Тоа беше и една од причните, за софтверскиот гигант САП да ги тргне моделите на Тесла од својот возен парк. Случајот не е единствен: Стартапот за изнајмување возила Фин, поради големото скусување на цените на Тесла и смалената вредност на возилата на старо, компанијата загуби 60 милиони евра.

Тесла ги почувствува последиците од ценовното самоволие. Бизнисот за возни паркови се преполови, исто колку и приватната продажба. Во првите два месеци од годинава, Тесла во Германија продаде само 2.669 возила, од кои 992 се за возни паркови.

Според анкетата на Германскиот Автомобилски Труст, во којшто членуваат 117 менаџери на возни паркови, секој трети размислува да ги исклучи возилата Тесла од својот возен парк.

Претходна објаваКаде се произведуваат автомобилите, што Ауди, БМВ, Мерцедес, Фолксваген, ги продаваат во САД?
Следна објаваПежо омилена автомобилска марка на Французите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here