Каде се произведуваат автомобилите, што Ауди, БМВ, Мерцедес, Фолксваген, ги продаваат во САД?

Овој детален преглед покажува од кои фабрики доаѓаат автомобилите што германските производители ги продаваат во САД. Некои производители сепак имаат голем удел на локална продукција, некои пак не произведуваат ниту еден автомобил што го продаваат на важниот пазар.

Царините за увозот на автомобили во висина од 25 проценти беа само почеток. САД предизвикаа општ пад на берзите откако воведоа високи царини. Ситуацијата може да доведе до рецесија, па и до светска економска криза.

Најсилно е погодена токму германската автомобилска бранша, гордоста на земјата. Ауди нареди престанок со испораката на свои модели за пазарот во САД. Исто како Порше, производителот од Инголштат не поседува ниту една фабрика во САД, за разлика од БМВ, Мерцедес-Бенц и Фолксваген.

За сите германски производители важи истото. Повеќето од автомобилите, што тие ги продаваат во САД, не се произведуваат локално. Следи детален преглед што прикажува каде се произведуваат автомобилите што германските марки ги продаваат од другата страна на големата бара. Користени се податоците за 2024 година.

Ауди, удел на локално производство во продажбата во САД: Нула проценти

Модел Фабрика Примероци
Q5 Сан Хозе Гуапа, Мексико 56799
Q3 Ѓер, Унгарија 32090
A5 Некарсулм, Германија 24636
Q7 Братислава, Словачка 20894
Q8 Братислава, Словачка 10352
A3 Инголштат, Германија 9528
Q4 e-tron Цвикау, Германија 8546
A6 Некарсулм, Германија 8519
A4* Некарсулм/Инголштат, Германија 7036
Q8 e-tron* Брисел. Белгија 5978
e-tron GT Некарсулм, Германија 2894
Q4 Sportback e-tron Цвикау, Германија 2810
Q8 Sportback e-tron* Брисел. Белгија 1958
A8 Некарсулм, Германија 1628
A7 Некарсулм, Германија 1574
Q6 e-tron Инголштат, Германија 966
R8* Некарсулм, Германија 330

Инголштат лани продаде околу 195.000 возила во САД, што е за 14 проценти помалку во споредба со 2023. Планот за годинава беше да се поттикне продажбата преку воведувањето нови модели, главно на пазарот во САД.

Тоа ќе биде проблем, доколку царините на Трамп останат на важност во подолг временски период. Шанса е да се искористи фабриката на Фолксваген во Чатануга, Тенеси, каде што досега се произведуваа само модели од матичната марка Фолксваген.

Фолксваген, удел на локално производство во продажбата во САД: 34,7 проценти

Модел Фабрика Возила
Tiguan LWB Пуебла, Мексико 94372
Atlas Чатануга, САД 75516
Jetta Sdn Пуебла, Мексико 71829
Taos Пуебла, Мексико 63882
Atlas Cross Sport Чатануга, САД 38871
ID.4 Чатануга, САД 17021
GTI Волфсбург, Германија 11072
Golf R Волфсбург, Германија 4196
Arteon* Оснабрик, Германија 1256
ID. Buzz Хановер, Германија 1162

Секој трети автомобил што Волфсбург го продава во САД потекнува од фабриката во Чатануга. Но, најголемиот дел од продажбата, преку 60 проценти, пристигаат од фабриката на Фолксваген во Пуебла, Мексико.

Три од четирите најпродавани модели на Фолскваген во САД, меѓу кои и најпродаваниот, Тигуан со продолжена каросерија, се произведуваат во соседната земја.

Порше, удел на локално производство во продажбата во САД: Нула проценти

Модел Фабрика Возила
Macan/E-Macan Лајпцих, Германија 25180
Cayenne Братислава, Словачка 22432
911 Штутгарт, Германија 14128
718 Cayman/Boxster Оснабрик, Германија 5698
Taycan Штутгарт, Германија 4747
Panamera Лајпцих, Германија 3982

Спортската марка ги произведува во Европа сите свои автомобили што ги продава на пазарот во САД, а повеќето од нив во Германија. Истото важи и за деловите во возилата.

Поради тоа, царините повеќе го погодуваат Порше. Но, тоа е само едната страна од приказната. Другата страна вели дека главнината од купувачите на Порше се добростоечки и поради тоа не се толку чувствителни на цените, како што тоа е случај со купувачите на Фолксваген Џета, на пример.

Меѓутоа, најпродаван модел е Макан. Според вебсајтот на Порше, неговиот ценовник почнува од 63.000 долари. Тоа сепак е ценовна класа, во којашто купувачите повеќе гледаат на цената.

Мерцедес-Бенц: удел на локално производство во продажбата во САД: 40,7 проценти

Модел Фабрика Примероци
GLS/EQS SUV Таскалуза, САД 67.928
GLE/EQE SUV Таскалуза, САД 64.163
SL Бремен, Германија 28.12
GLB Агуаскалиентес, Мексико 19.079
E-Klasse Зинделфинген, Германија 17.638
GLC Бремен/Зинделфинген, Германија 14.859
CLE Бремен, Германија 14.333
G-Klasse Грац, Австрија 10.987
CLA Кечкемет, Унгарија 10.366
EQE Бремен, Германија 8.885
S-Klasse Зинделфинген, Германија 8.809
EQA Раштат, Германија 6.963
C-Klasse Бремен, Германија 3.559
EQB Кечкемет, Унгарија 3.491
GT Бремен, Германија 1.608
EQS Зинделфинген, Германија 1.166
GLA Раштат, Германија 37
A-Klasse Раштат, Германија 3

Со својата фабрика во Таскалуза во сојузната држава Алабама, Мерцедес-Бенц покрива голем дел од продажбата во САД. Повеќето автомобили сепак пристигаат од Германија (45,7 проценти).

САД учествуваа со 14 проценти во продажбата на Мерцедес-Бенц во 2024 година. Во првото тромесечје од годинава, Северна Америка беше меѓу малкуте пазари, на коишто марката со ѕвезда постигна раст во продажбата.

БМВ, удел на локално производство во продажбата во САД: 46 проценти

Модел Фабрика
3er Минхен, Германија
4er Динголфинг, Германија
5er Динголфинг, Германија
6er Динголфинг, Германија
7er Динголфинг, Германија
8er Динголфинг, Германија
i4 Минхен, Германија
i5 Динголфинг, Германија
i7 Динголфинг, Германија
iX Динголфинг, Германија
X2 Регенсбург, Германија
X3 Спартанбург, САД
X4 Спартанбург, САД
X5 Спартанбург, САД
X6 Спартанбург, САД
X7 Спартанбург, САД
XM Спартанбург, САД

За разлика од своите германски конкуренти, БМВ не ја двои продажбата во САД по модели. Но, факт е дека фабриката во Спартанбуирг е најголема фабрика на марката од Минхен во светски рамки.

Според БМВ, лани од фабриката се извезени околу 225.000 возила, што претставува 57 проценти од нејзината вкупна продукција. Во САД се продадени околу 170.000 примероци од моделите од сериите Икс, што одговара на 46 проценти од вкупната продажба на БМВ, што брои 371.000 возила.

[the_ad id=”85764″]

Претходна објаваМерцедес-Бенц ЦЛЕ го враќа времето на налепниците, уште една ексклузивна серија
Следна објаваГермански Телеком ја пречкрта Тесла од листата на службени возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here