Мерцедес-Бенц ЦЛЕ го враќа времето на налепниците, уште една ексклузивна серија

Ексклузивната серија е заснована врз врвната моделска изведба АМГ ЦЛЕ 53 4Матик+, во купе и кабриолет изведба. Моторот е 3,0-литарски шестцилиндарец во линија, со моќност од 449 КС и вртежен момент од 560 њутнметри. Краткотрајно се испорачуваат 40 њутнметри екстра.

Во спортскиот карактер секако дека учествуваат специјалниот автоматски менувач АМГ Спидшифт 9Г и погонот на сите тркала АМГ Перформанс 4Матик+.

Ексклузивната серија Лимитед Едишн се препознава по фолиите со впечатливо големо лого АМГ и акцентите во златна боја кај купето, односно црна/сина кај кабриолетот. Бојата на каросеријата е мат графит сива кај купето, од палетата на одделението за специјални нарачки Мануфактур, односно спектрално сина кај кабриолетот, исто така мат, од Мануфактур и ексклузивна за АМГ.

Купето Лимитед Едишн има ковани тркала од 20 инчи со вкрстени краци и жолт обрач, во посебна изведба за серијата. Зад нив ѕиркаат сопирачки клешти во сина боја. Идејата е да се постигне спортско-елегантна појава на моделот.

Тркалата кај кабриолетот исто така се од 20 инчи, посебно полирани. Уште еден детал тука е вратичката на резервоарот во сребрена-хром боја со натпис АМГ и црни дизајнерски елементи.

Повеќе пакети што се на списокот на дополнителна опрема се вклучени во специјалната Лимитед Едишн:

  • АМГ Ноќен Пакет за надворешност (за купето)
    Во црна сјајна боја се изработени украсната лајсна во предниот браник и во предните крила, капите на ретровизорите, рамките на прозорците. Истото важи за завршетоците на издувните цевки. Затемнети задни стакла го заокружуваат пакетот.
  • АМГ Ноќен Пакет за надворешност 2 (за купето)
    АМГ-маска во боја на темен хром, натпис на предните крила и назад
  • АМГ Пакет за изглед (за купе)
    АМГ преден спојлер со прогресивен дизајн и странични перки, децентен спојлер назад, заден браник со дифузор.
  • АМГ Карбон Пакет за надворешност 1 (за кабриолет)
  • АМГ Карбон Пакет за надворешност 2 (за кабриолет)
  • АМГ Динамик Плус Пакет (за купе и кабриолет)
    Динамични држачи на мотор, волан во карбон/микрофибер и други детали.
  • Спортска внатрешност со седишта АМГ Перформанс
    Спортски седишта во црна напа кожа со жолти штепови во купето, односно бела кожа со црни акценти кај кабриолетот.

Заедно со возилото се испорачува и специјално изработена церада за затворено со знак АМГ. Таа штити и од прашина и од гребаници.

Нарачките се почнати, испорачките следат во јули 2025.

Претходна објаваКомпактните СУВ станаа најпродаван сегмент во Европа, се бараат електрични и хибридни модели
Следна објаваКаде се произведуваат автомобилите, што Ауди, БМВ, Мерцедес, Фолксваген, ги продаваат во САД?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here