Михаел Кирш назначен за извршен директор на Porsche за Централна и Источна Европа, додека Ирина Каук ја презема одговорноста за Европскиот регион

(Соопштение за јавност, Порше Македонија) Двете назначувања се дел од стратешкото прегрупирање на Porsche AG за да се зајакне присуството на пазарот и да загарантира идниот раст.

Меѓународно искусен извршен директор

Кирш е во Porsche од 2012 година и работел како извршен директор на пазарите во Кореја, Јапонија и Кина, каде што придонел за успешниот развој на Porsche во Азија. Пред да се приклучи на Porsche, тој држел високи менаџерски позиции во BMW и меѓународен хотелски синџир.

Ирина Каук ќе ја води продажбата низ Европа

Претходникот на Кирш, Ирина Каук, ќе остане во Porsche и ќе биде одговорна за регионот Европа од 1 мај па натаму. Каук го предводеше регионот на PCEE, во кој спаѓа и нашата земја, во изминатите две години. Под нејзино раководство регионот забележа значителен раст и сега опфаќа 28 земји.

Porsche Централна и Источна Европа (PCEE), со седиште во Прага, е регионална канцеларија, како и целосна подружница на Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG.

Претходна објаваШефот на Киа верува повеќе во европскиот пазар, откако царините на Трамп го расипаа пазарот во САД
Следна објаваМерцедес С-Класа управува целосно самостојно до 95 км/ч

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here