Два модели на Донгфенг ја освоија германската награда за дизајн иФ

Меѓу победниците на прочуениот иФ Дизајн Аворд, избор за најдобар дизајн што се одржува во Германија, годинава се најдоа и два модели на кинескиот производител Донгфенг Мотор. Едниот е концепт на пикап Е-Трак, другиот е бескомпрмисен освојувач на теренот со име М-Хантер, исто така концептен автомобил.

Возилата на кинеските производители немаат посебно долга традиција во изборите за надобар дизајн. Напротив, сцената кај нив долго време препознаваше копии на докажани модели, коишто неретко завршуваа и со судски процеси. Тие времиња очигледно завршија. Дојде време Донгфенг да освојува награди од светски глас, токму во избор од рангот на иФ Дизајн Аворд.

Овој избор се одржува во Германија од 1954 година, во организација на Хановер Индустријал Дизајн Форум, најстара организација за индустриски дизајн во Германија. Долгите години на опстојување на овој важен настан од светот на дизајнот се темелат врз „независниот, строг и сигурен“ концепт на оценување, објаснуваат организаторите.

Бодови не се освојуваат само со привлечноста на дизајнот, туку производите треба да бидат и функционални, практични и иновативни.

Жирито составено од 131 експерти од цел свет, оценуваше 10.651 производи од 66 држави. Двата концепти на Донгфенг, Е-Трак и М-Хантер, се меѓу победниците во изборот.

Донгфенг Мотор Груп · Менгши М-Хантер

М-Хантер е прв електричен концептен автомобил што е конструиран за екстремни услови на возење на терен. Посебности се конструкцијата со цевна рамка, тркалата од 37 инчи со гуми за екстремни терени и растојанието од 430 милиметри од подлогата. Со подвозје што задоволува и стандарди за воена примена, со приспособлива висина од подлгата и со гасни амортизери со тркачки карактеристики, М-Хантер се соочува со секакви предизвици на теренот. Со цел да се олесни конструкцијата, бројни детали се изработени од карбон за користење во авио-индустријата.

Донгфенг Мотор Груп · Е-Трак

Е-Трак е пикап со способност за возење во екстремни теренски услови. Платформата е Скејтборд, користена во новата генерација модели на Донфгенг. Дизајнот е развиен со пристап на сé-во-едно. Замислата е да се постигне спој на екстремно теренско возило што подржува уживање во престојот во природа.

Со притисок на копче, Е-Трак се претвора од пикап во СУВ, и може да се користи и како службено возило, и како приватно возило. Големината на кабината се приспособува според потребата, а на располагање стојат и мудро осмислени модули во кабината.

Видеото од тестот на електричен Донгфенг Нами Бокс

Претходна објаваСледниот новитет од БАИК на нашиот пазар е силен теренец со хибриден погон
Следна објаваПродажбата на Тесла во Франција и Шведска на најниско ниво во последните четири години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here