Акциите на европските производители во пад откако Трамп воведе царини

Производство на Фолксваген Таос во фабриката во Пуебла, Мексико, за пазарот во САД

Стелантис и Фолксваген Група, коишто имаат големи производствени капацитети во Мексико и се погодени од царините, изгубија 6,8%, односно 5,6% од вредноста на акциите.

Падот кај Волво е 6,5 проценти, додека вредноста на акциите на Мерцедес-Бенц, БМВ и Порше се намали за вредност од 3,6 до 4,3 проценти, во 10 часот утрово.

Опадна и вредноста на акциите на францускиот добавувач Валео, за 7,4 проценти.

Берзанскиот индекс на европските производители на автомобили и делови се намали за 3,7 проценти, на најниска вредност во последните две седмици, што е најголем пад од сите сектори во европскиот Стокс 600, каде што е забележан вкупен пад од 1,4 процент.

Аналитичарите стравуваат дека царините за Мексико ќе им нанесат повеќе штета на европските производители на автомобили и на нивните добавувачи, отколку каква било директна царина што би била воведена за стока од ЕУ.

„Веруваме дека царините ќе влијаат со околу 8 милијарди евра врз прометот на Фолксваген и со околу 16 милијарди врз прометот на Стелантис,“ објави аналитичар од инвестициската банка Стифел.

Фолксваген се надева на преговори со САД за да се избегнат трговски спорови

Тие ценат дека целосното влијание на царините ќе учествува со околу 12 проценти во оперативната добивка на Фолксваген во 2025 година, односно со 40 проценти кај Стелантис.

Фолксваген соопшти дека се надева преку преговори да се надминат трговските спорови.

Аналитичарите на Џеј Пи Морган соопштија дека очекуваат компаниите во текот на оваа седмица да преземат обврски пред властите за изградба на фабрики и отворање работни места во САД, место во Мексико или Канада.

Царините ќе стапат во сила на 4-ти февруари.

Претходна објаваСтелантис назначи нови шефови за Пежо, Џип, ДС
Следна објаваФерари наесен ќе го прикаже својот прв електричен автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here