Британскиот производител вложува милиони за да излезе во пресрет на растечката побарувачка за автомобили на Џагјуар и Ланд Ровер што се изработуваат по специјална нарачка.
Производителот на Рејнџ Ровер, Дефендер, Дискавери и Џагјуар, со овој чекор го следи Ролс-Ројс, луксузен огранок на БМВ, каде што исто така се јавува сé поголема побарувачка за модели да се изработат по посебни барања. Секако дека за таа услуга следи соодветен надомест, што неретко ја надминува и цената на основниот автомобил.

Џеј Ел Ар повеќе од двојно ќе го зголеми капацитетот на своето одделение СВ Биспоук Пејнт за лакирање во боја по желба и во каква било комбинација што ќе се посака. Тоа на купувачите на Рејнџ Ровер СВ ќе им овмозможи да нарачаат која било боја за својот автомобил. Не е реткост, милионерите да побараат нивниот автомобил од Џагјуар Ланд Ровер да им биде лакиран во иста боја со приватниот авион или со јахтата.
Нови лакирници ќе се градат во Касл Бромвич, Вест Мидлендс, како и во Нитра, Словачка.
Ролс-Ројс во почетокот на месецот соопшти дека ќе вложи 300 милиони фунти за повеќе да се посвети на исполнување на желбите на своите клиенти, што вклучуваат дури и скулптури цели изработени од злато или покривање со седеф.
















