Форд и Џенерал Моторс воедно ќе обезбедат и возила за прославата. Јапонскиот производител на автомобили соопшти дека нема намера да учествува со возила.
Постои голема веројатност дека мерките што идната влада планира да ги преземе во поглед на царините и електричните возила ќе влијаат врз производителите на автомобили во Детроит, вклучувајќи го Форд, којшто наидува на големи потешкотии да ги зголеми производството и продажбата на своите електрични модели.
Републиканецот Трамп предложи значително зголемени царини за увоз од Мексико и Канада, како и укинување на даночните олеснувања за електрични автомобили, коишто му одат во корист на Форд.
Извршниот директор на Форд, Џим Фарли, во почетокот на месецов изрази оптимизам дека Трамп ќе покаже разбирање кога ќе му се укаже, како тие планови ќе влијаат врз производителите на возила во САД.
Џенерал Моторс исто така објави дека ќе донира 1 милион долари за свеченоста и ќе обезбеди возила.
За претстојната инаугурација донираа и останатите големи компании, меѓу кои Амазон и Мета Платформс.
Трамп за прославата во 2017 година потроши рекордни 106,7 милиони долари.
Демократскиот претседател Џо Бајден за неговата инаугурација во 2021 година, обзбеди 61,8 милиони долари, со учество на компании од ковот на Фајзер, АТ и Т и Боинг.
















