Производството на автомобили во Британија во ноември падна на ниво на 1980-та година

Единствена светла точка во британското производство на автомобили е Мини. Новата генеррација на кабриолетот почна да се произведува во Оксфорд

Бројот на произведени возила во неомври е намален за 30 проценти во споредба со лани, на 64.200 возила. Тоа се девет месеци во низа со смалено производство во споредба со истиот период во минатата година.

Не постои ниту еден производител што во ноември има произведено повеќе возила отколку лани, соопшти здружението на производители на возила во земјата.

Продукцијата на автомобили во ОК опаѓа со години. Зголемените трошоци и трговските бариери поради Брегзит, само дополнително го усложнуваат преоѓањето на електрични возила, што и без тоа се одвива многу тешко.

Стелантис планира да јза затвори својата фабрика во Лутон, во којашто во изминатите 120 години се произведуваа модели на Воксхол, односно Опел. Со тоа затворање уште повеќе ќе се засили негативниот тренд.

Од јануари до ноември, ОК произведе 734.600 возила, што е за 13 проценти помалку во споредба со истиот период во минатата година.

Продукцијата е уште подалеку од нивото од 1,23 милион возила што за 11 месеци беа произведени во 2019 година, пред пандемијата.

Политичарите во минатиот месец побараа ОК да ги преиспита плановите за електрични автомобили, што наидоа на критика од производителите на автомобили, поради слабата заложба на владата да ја поттикне побарувачката.

Претходна објаваТојота ќе произведува електрични Лексуси во Кина
Следна објаваТојота, Џенерал Моторс и Форд донираа по милион долари за инаугурацијата на Трамп

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here