Откако остана без снабдување со седишта, Инеос продолжува со производство

Инеос Аутомотив во почетокот на јануари ќе продолжи да произведува возила, откако го обнови снабдувањето со седишта за вградување во своите скапи модели Гренадир и Квартермастер.

Инеос мораше да го запре производството, откако Рекаро Аутомотив објави стечај во Германија. Италијанскиот добавувач Прома Груп на 4-ти декември објави дека го презел Рекаро Аутомотив.

„Во почетокот на јануари 2025 ќе продолжиме да добиваме седишта, а Гренадир ќе почне да се симнува од производствената лента само неколку денови подоцна,“ кажа извршната директорка на Инеос Аутомотив, Лин Калдер.

Прома ќе го пресели производството на седишта од Германија во својата фабрика во Каселет, во близина на Торино. Фабриката на Инеос во Хамбах, покрај самата граница со Германија, одалечена е осум часови возење.

Околу 1.000 работници во фабриката на Инеос во Хамбах беа пуштени на принуден одмор, откако запре производството во септември.

Седиштата што Инеос ќе продолжи да ги добива од следната година, ќе се произведуваат со истите машини, со ист дизајн, материјали и спецификација, напомена Калдер.

recaro podium
Седишта Рекаро Подиум; Бизнисот со седишта за авиони не е погоден од финансискиот проблем на Рекаро Аутомотив

Прома Груп располага со 25 фабрики на три континенти и во својата последна фискална година оствариле 1,1 милијарда евра промет. Името Рекаро останува, исто како и дел од вработените во одделот за продажба и технолошки развој на компанијата, којашто го задржува своето седиште во близина на Штутгарт.

Нема промени во активностите на Рекаро Аутомотив во Северна Америка и во Јапонија, соопштува Прома.

Лин Калдер, извршна директорка на Инеос Аутомотив

Инеос е на пат да постигне продажба од над 20.000 возила

Калдер кажа дека Инеос е подготвен да ги врати производствените линии во погон.

„Ова мирување во производсрвото ни предизвика огромни фрустрации и нé погоди во време кога навистина имаме многу работа,“ кажа директорката, додавајќи дека Инеос само до летово продал повеќе Гренадири отколку во цела 2023 година.

Во фабриката на Smart ќе се произведува ретро Land Rover
Инеос ја презеде поранешната фабрика на Даимлер во Хамбах, каде што се произведуваше Смарт

На компанијата ѝ помогна и тоа што неодамна почна продажбата во Кина и Мексико.

„На пат сме да постигнеме по патиштата (низ светот) да возат над 20.000 Гренадири пред завршетокот на годинава,“ кажува Калдер.

Целта на Инеос за 2025 година е да произведе 30.000 возила, изјави Калдер за Аутомотив Њуз.

Претходна објаваПапата Фрањо ќе се вози во електричен Мерцедес
Следна објаваЕУ ќе помага производство на батерии за ЕВ што користи помалку суровини од Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here