ЕУ и Кина пред договор за најниска цена, царините уште се во сила

Донгфенг Бокс доаѓа на македонскиот пазар до завшетокот на годинава, како големо освежување во делот на електричните автомобили

„Блиску сме до постигнување договор: Кина може да се обврзе да нуди електрични автомобили во ЕУ по ценовен минимум,“ изјави Бернд Ланге за германскиот телевизиски канал н-тв, без да наведува подробности. „На тој начин ќе се надмине нарушувањето на конкурентноста преку недозволиви субвенции, поради што првично беа воведени царините.“

Кина е подготвена да се обврзе да почитува договорена цена, под којашто електричните автомобили што се произведени во земјата не ќе може да се продаваат на европскиот пазар.

Од Европската Комисија уште немаат излезено со коментар.

Европската Унија во минатиот месец реши да ги зголеми царините за електрични автомобили што се произведени во Кина до стапка од најмногу 45,3 проценти, по спроведената истрага. Тој чекор ја подели Европа и поттикна возвратен одговор од Пекинг.

Царините што почнаа да се применуваат на 30-ти октомври, беа одредени со цел да се надомести за тоа што се смета дека е недозволиво субвенционирање, преку повластени услови за финансирање и грандови, како и обезбедување државно земјите, батерии и суровини по цени што се под пазарните.

Иако царините веќе се на сила, двете страни ги продолжија преговорите за да изнајдат решение, со што се вратија надежите, главно меѓу германските производители на автомобили – коишто во голема мера се зависни од кинескиот пазар – дека трговскиот спор ќе биде надминат.

Кинеската стопанска комора при ЕУ во тој период изрази голема разочараност од „заштитничката“ и „самоволна“ мерка на ЕУ.

Претходна објаваРасте добивката на Џили, продажбата се движи кон 2 милиони
Следна објаваЏагјуар оди уште повисоко со луксузот, иднината ќе ја прикаже концептот Мајами

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here