Јагуарот се менува, стана електричен и ултралуксузен

Новиот стил на моделите на Џaгjуар почна да се покажува на сцената. Британската марка почнува сé од ново, сите модели ќе ѝ бидат електрични и место да им конкурира на германските премиум марки, Мерцедес, Ауди и БМВ, Џaгjуар во иднина ќе биде ултра луксузна марка, против Бентли, Астон Мартин, Лотус.

Џагјуар на 14-ти ноември објави слики од уште неименуван прототип, што е опишан како гран туризмо со четири врати. Сликата го прикажува идниот модел во сцена како вози по автопат.

Иако тешка камуфлажа го сокрива изгледот, некои делови од дизајнот се воочливи. Се забележуваат долгата хауба и нискиот покрив.

Тоа што исто така може да се препознае на сликата е мошне долгото меѓуоскино растојание, коешто го овозможува самиот електричен погон, како и големите тркала и ниските странични прозорци.

Јагуар соопшти дека возилото минало „десетици илјади милји во виртуелно и физичко тестирање, и наскоро ќе се појави по патеките за тестирање и по јавните патишта ширум светот.“

Возилото е конструирано врз наменска електрична платформа што се води под името Џагјуар Електрик Архитекчр.

Британците планираат првиот модел од целосно новата генерација на Џагјуар да го произведуваат во фабриката во Солихал, во Обединетото Кралство.

Компанијата вети дека возилото ќе биде „копија на ништо.“

Џагјуар планира да го лансира моделот доцна налето во 2026 година, најави извршниот директор Едријан Мардел при претставувањето на деловните резултати на 8-ми ноември. ЈЛР лани соопшти дека планира електричниот модел на Џагјуар да го лансира во 2025 година.

Уште е непознат датумот кога Џагјуар планира да го прикаже моделот во неговата сериска изведба.

Џагјуар на 2-ри декември ќе го прикаже Дизајн Вишн Концепт во Мајами и се претпоставува дека со тој јавноста првпат ќе може да го види моделот од целосно новата генерација со електричерн погон.

Планот е производството на електричниот СУВ-модел Ај-Пејс да завршпи годинава, заедно со цела низа модели со мотори со внатрешно согоруивање. Мардел кажа дека СУВ-моделот од средната класа Еф-Пејс ќе продолжи да се продава до првото тромесечје од 2026 година, на одредени пазари.

Претходна објаваТест на 16 модели на зимски гуми на АДАК: Три модели се опасен избор
Следна објаваМ-Херојот на Донгфенг службено возило на авио-смотрата во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here