Тојота отвори дистрибутивен центар во Чешка, годишно по 350.000 возила за Централна Европа

Освен за Германија, дистрибутивниот центар ќе испорачува возила и за клиенти во Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија и Полска. Возилата на Тојота и Лексус отсега ќе пристигаат многу побрзо до сопствениците.

До центарот доспева железничка линија од неколку фабрики на Тојота во Европа. Со тоа значително ќе се намали и емисијата на ЦО2 во логистиката, односно диструбуцијата на возилата.

Во дистрибутивниот центар во Колин се вложени 17 милиони евра. Тоа е најголемиот центар на Тојота од ваков вид во Европа, со капацитет за 350.000 возила годишно да се насочат на патот од фабрика до клиент.

Тојота отпочна постапка за преземањето на возила од фабрика да го префрли од патен на железнички превоз. Тоа е важен чекор во насока на остварување на обврската што си ја постави Тојота, целиот еко-систем, од набавка на суровини, до користењето на возилата, да се сведе на нула ЦО2 до 2040 година.

Откако во 2022 година, возилата на Тојота од фабриките во Велика Британија, Франција и Чешка, почнаа да се диструбуираат по железница, емисијата на ЦО2 е смалена за 4.237 тони на годишно ниво.

Со додавањето на новата пруга до Полска, каде што се произведува доставниот модел Проејс Макс, планетата ќе се поштеди од дополнителни 1.099 тони ЦО2 годишно.

Тојота во Европа директно вработува повеќе од 25.000 лица и од 1990 година има вложено преку 11 милијарди евра. Осумте европски фабрики се наоѓаат во Португалија, Велика Британија, Полска, Чешка и Турција.

По патиштата ширум Европа сообраќаат околу 14,7 милиони возила на Тојота и Лексус, коишто ги одржува мрежа од 28 компании и околу 2.800 салони во 53 држави (заедно со ОК, Швајцарија, Исланд, Израел, Турција и Источна Европа-.

Тојота лани испорача 1.173.419 возила во Европа, освојувајќи пазарен удел од 6.7 проценти.

За случај Македонија да беше повеќе расположена за електрични возила. Големиот круг со електрична би-зи-фор-крос низ цела Македонија

Претходна објаваГолема титула: Новиот Опел Грандленд ја освои наградата „Златен Управувач 2024“
Следна објаваАуди во Кина ќе се продава без прстените, да се привлечат младите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here