Ауди во Кина ќе се продава без прстените, да се привлечат младите

АУДИ e Концепт ја најавува новата подмарка што ќе се продава во Кина.

Новата марка го носи истото име како старата, но се пишува со големи букви. Ауди со АУДИ поаѓа по нов пат во Кина, без да се прават посебни отстапки. Откажувањето од четирите прстени што се заштитен знак на Ауди сепак нема да предизвика одушевување кај традиционалистите.

Традицијата сепак не е толку важна во Кина. Напротив. Целта е таму да се привлече млада група купувачи, што се решени за електричен погон и бараат возилото да поседува најразновидни можности за онлајн-поврзување. За да им биде интересен на овие купувачки и купувачи, Ауди својот ДНК ќе го поврзе со „иновации од Кина“.

Сопствена пларформа со висока дигитализација

Неделава Ауди, односно АУДИ, го прикажа Е концепт. Возилото е развиено заеднички со кинескиот кооперациски партнер САИЦ и претставува најава за трите први сериски модели, што според информациите треба да се пуштат на пазарот од средината на 2025 година натаму.

Ауди во ова партнерство е задолжен за подрачјата на премиумот, дизајнот, развојот и инженерингот. САИЦ ќе биде одговорен за „брзи иновации, докажан еко-систем на технологии и длабоки познавања на тоа што го бара локалниот пазар.“

Резултат од тоа е Адвансд Диџитајзд Платформ, на којашто ќе се базираат планираните модели на АУДИ.

Младите купувачи на премиум автомобили во Кина

Извршниот директор на Ауди, Гернот Делнер, порачува во соопштението: „Зедничката платформа е наша основа за нова генерација на високо модерни, интелитенгни и вмрежени возила, ексклузивно за Кина. Идните модели се наменети за нов сегмент на купувачи што расте и воедно има големи барања.“

Фабричкото видео од Ауди е Концепт

Шефот за проектот, Фермин Сонеира, за време на презентацијата во Шангај изјави за новинската агенција Ројтерс: „Тука купувачите се многу помлади отколку во остатокот од светот, со просечно 30 до 35 години во премиум сегментот, додека остатокот на светот има просек од 55 години.“

Тоа е уште една причина за да се работи побрзо. Соработката во САИЦ ќе го скуси времето од почетокот на развојот до почетокот на продажбата за 30 проценти. Во почетокот се планирани модели од Б- и Ц-сегментот, односно градски модели и компакт модели.

Претходна објаваТојота отвори дистрибутивен центар во Чешка, годишно по 350.000 возила за Централна Европа
Следна објаваМерцедес АМГ ќе лансира сопствен целосно електричен СУВ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here