Што менува претседателствувањето на Трамп во автомобилската индустрија

Доналд Трамп победи на изборите за претседател на САД. По демократот Џо Бајден, Соединетите Држави во јануари повторно ќе добијат републиканска влада. Автомобилската индустрија во земјата веќе почна да се подготвува за промените што претстојат.

Како производителите, синдикатите и аналитичарите ја оценуваат политичката ситуација во САД? Авторите на индустриското гласило на автомобилската индустрија во САД, Аутомотив Њуз, се распрашаа во браншата и пренесоа неколку избрани изјави.

Оливер Ципсе, извршен директор на БМВ

Германските производители со Трамп ќе добијат ветер во гради во САД. Идниот претседател повеќепати укажа јасно на тоа. При соопштувањето на деловните резултати за третиот квартал, Оливер Ципсе сепак нагласи дека БМВ може да биде дури и во мала „предност“ во САД, поради можното воведување царини за увоз на автомобили во земјата, затоа што германскиот производител има изградено „силно, мошне силно присуство во земјата“, кажува шефот. „Имајќи го тоа во предвид, не би требало да бидеме нервозни“, коментира Ципсе самоуверено.

Дејв Крајст, потпретседател на Тојота Мотор во Северна Америка

Слични гледишта има Дејв Крајст. Според него, Тојота нема намера да врши темелно приспособување на својата стратегија во САД, по изборот на Доналд Трамп. „Ние ќе работиме според сите прописи, што ќе ни бидат поставени,“ кажува тој.

„Во САД имаме десет фабрики за производство. Од мое гледиште, не постојат големи промени за нашиот бизнис.“ Тојота секогаш била во состојба да се приспособи според променетите услови за работа.

Шинџи Аојама, потпретседател на Хонда

За разлика од нив, Хонда цени дека ќе има последици. Јапонците произведуваат автомобили во Мексико, од каде што најголемиот дел се извезува во САД. Доколку Трамп воведе царини за автомобили што се увезуваат од Мексико, според Аојама, тоа ќе има „големи последици.“

Тој не очекува дека веднаш ќе се воведат царините. Пред тоа да се случи, ќе се направат разговори и преговори. Но, доколку се воведат царини и тие останат трајно, Хонда ќе бара решение со „производство во други земји, што не подлежат на царини во САД“.

Илон Маск, извршен директор на Тесла

Изјаснетиот фан на Трамп и шеф на Тесла, го искажа својот став во објава на мрежата Икс: „Американците вечерва му дадоа на Доналд Трамп јасен мандат за промени.“

Маск пред изборите масовно се залагаше за Трамп и на изборните митинзи стоеше рамо до рамо покрај поранешниот и иден претседател.

Стелантис

Концернот Стелантис го искажа својот став, честитајќи му ја изборната победа на Трамп. „Ние се радуваме на соработка со идниот претседател и со новиот конгрес, за да постигнеме силна и конкурентска продукција во САД.“

Џенерал Моторс

Исти се ставовите во Џенерал Моторс. „Честитаме и се радуваме на соработката со претседателот, со конгресот и со сите избрани претставници, за да осигуриме дека САД и натаму ќе бидат водечки во светот во поглед на технологијата и иновациите.“

Шон Фејн, претседател на работничкиот синдикат на автомобилската индустрија УАВ

Шон Фејн е познат по тоа што неговите изјави се директни. „Вашинтрон Д.Ц. Мора да успее или нека молчи“, кажа шефот на синдикатот на работниците во автомобилската индустрија УАВ.

„Дали нашата влада ќе застане на страната на работниците или ќе продолжи да ги исполнува желбите на милијардерите? Тоа е прашањето што нé засега денес. Тоа е прашањето што и утре ќе нé засега. Одговорот лежи кај нас. Независно од тоа, кој е на служба.“

Претходна објаваМерцедес Г 580: Автомобил на струја за делот од светот што не бара помош за електричниот погон да им се допадне
Следна објаваГолема титула: Новиот Опел Грандленд ја освои наградата „Златен Управувач 2024“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here