Темите што ги обработува новата рекламна кампања на Мерцедес-Бенц се безбедност, квалитет, комфор и дизајн, односно тоа се вредностите што отсекогаш биле дел од генетскиот код на германската марката. Покрај тоа, стотиците кратки филмови ја обработуваат и историјата што е стара колку и самиот автомобил, а секако не се пропушта фактот што Мерцедес-Бенц го носи насловот на највредна луксузна марка во светот.
Новата кампања на Мерцедес-Бенц е наменета за светската сцена и наречена е „Затоа што е Мерцедес-Бенц“ (Бикоз ит’с Мерцедес-Бенц). Глобалната кампања главно ќе се одвива преку матичниот вебсајт на марката mercedes-benz.com и преку каналите на друштвените мрежи.
Станува збор за исклучително обемна кампања што се состои од дури 220 кратки приказни. Сосем извесно е дека продукцијата на престижната кампања чини повеќе милиони евра.
Кампањата отпочна на 23-ти август и ќе обработува најразлични теми, посебно за секој пазар. На кратките видеа им се придружуваат и Аут-оф-хоум билборди (ООХ) во метрополите. Овие несекојдневни филмови, не само поради тоа што марката Мерцедес-Бенц ја прикажуваат на начин и во средини што не се користени досега, ќе бидат присутни на сцената подолго време. Мерцедес-Бенц не наведува колку време приближно би се одвивала целата кампања.
Кампањата се состои од 220 кратки филмови
Замислата и изведбата се на агенцијата Тим Икс, продукциајта е на Инонокласт од Германија, режиjата е на Французинот Арно Бресон, познат по соработката со Канје Вест, и Хо-Лин. Фотографиите се дело на Раул Сусиу.
















