Фалсификатори заработуваат од името Мерцедес: Во рации откриени 1,6 милион фалсификувани делови

Тоа е разликата меѓу фалсификувани и оригинални делови. Патот на сопирање се продолжува, животи зависат од тие неколку метри

Во целиот свет, во 2023 година секој ден биле спроведувани во просек повеќе од две рации, од инспекторати и органи на прогон, за случаи на фалсификувани делови со знакот на Мерцедес-Бенц.

Големото име на Мерцедес-Бенц секогаш им е привлечно и на криминалците. Мерцедес-Бенц постојано соработува непосредно со инспекциските служби и со органите на прогон, во борбата против фалсификаторите.

Посебно внимание им се посветува на фалсификатите со коишто безбедноста се доведува во знак на прашање, како за возачите и патниците, така и општо за сите учесници во сообраќајот. Фалсификуваните делови секогаш се изработуваат поевтино, со лоши материјали, погрешни толеранции, без неопходната технологија, и тоа секако дека може да доведе до кобни последици при вградување на тие делови.

Дури и филтрите за воздух може да бидат опасни, како што се покажа во рации во мај и април, кога биле откриени филтри изработени од хартија, што можат да доведат до тешка незгода. Секако дека се откривани и делови за сопирачки, каросериски делови, делови од управувањето.

Запленетите делови се уништуваат. Само во минатата година биле запленети преку 1,6 милион фалсификувани делови со знакот на Мерцедес-Бенц, во преку 740 рации по целиот свет. Бројот на рации во 2023 бил зголемен за 20 проценти во споредба со преклани.

Борба против фалсификаторите во интерес на безбедноста на клиентите

„Индустријата на лажни делови постигнува огромна маржа и поседува структура на организиран криминал. Таа ја загрозува безбедноста во патниот сообраќај, не се грижи за животната средина и не почитува ниту чесен надомест, ниту безбедност при работата“, кажува Рената Јунго Брингер, членка на управниот одбор на Мерцедес-Бенц АГ, надлежна за интегритет и одржливост. Цели фабрики се откриваат во акциите против фалсификаторите.

На рациите обично им претходат повеќемесечни истраги и подготовки. Се проверуваат меѓу другото и огласи на интернет, се влегува во трага на криминалците и се откриваат цели фабрики. Честопати е потребно стручно око, затоа што фалсификатите со изгледот обично се верни на оригиналите.

Претходна објаваЗошто МГ со акцијата два за еден во Германија продаде само пет МГ4 за месец
Следна објаваКамик и Клио најпродавани на македонскиот пазар во јуни, продажбата угоре

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here