Кинески МГ Мотор ќе гради фабрика во Мексико

МГ Мотор има намера да изгради фабрика за монтажа на автомобили, како и центар за истражување и развој во Мексико.

Со овој потег, МГ ќе биде во состојба „не само произведува возила, туку да создава и пазарно искуство што посебно е наменето за и од Латинска Америка“, порача директорот Жанг Веи во соопштението од 7-ми август.

МГ не кажа колкава е сумата што планира да ја вложи, исто како што не посочи ниту датуми поврзани со изградбата.

Со фабриката во Мексико ќе се продолжи ширењето на некогашната британска марка на светскиот пазар. МГ е во сопственост на кинеската групација САИЦ.

МГ има фабрики во Кина, Тајланд и Индија, а најави планови за отворање фабрика и во Европа. Тоа е воедно најпродаваната кинеска марка во регионот, со 127.425 возила во првото полугодие, покажуваат податоците од Датафорс.

Во соопштението на МГ се наведува дека фабриката во Мексико ќе биде „столб за растот и ширењето на Групацијата САИЦ и МГ Мотор во Латинска Америка и Карибите.

САД не се спомнуваат, но се напоменува дека сестринската марка ИМ, што продава луксузни електрични модели, исто така планира да влезе на мексиканскиот пазар.

Меѓу останатите производители на електрични возила што планираат да изградат фабрика во Мексико, коешто е најголем трговски партнер на САД, се кинескиот БИД и Тесла, иако фирмата на Илон Маск неодамна ги стави тие планови во мирување.

БИД посочи дека фабриката во Мексико нема да се користи за покривање на пазарот во САД.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, ги стави во мирување плановите за гигафабрика во Мексико и го чека исходот од претседателските избори во САД, што ќе се одржат во ноември. Републиканецот Трамп, можен иден претседател, уште претходно најави дека ќе воведе високи царини за електричните возила од Мексико.

Под притисокот од САД, мексиканските власти во април соопштија дека повеќе нема да им даваат поволности на кинеските производители на автомобили при вложување во земјата.

Во мај, Бајден ги зголеми царините за кинески електрични возила на преку сто проценти.

Претходна објаваБез субвенциите, Германија си ја десеткуваше продажбата на електрични автомобили
Следна објаваЗошто МГ со акцијата два за еден во Германија продаде само пет МГ4 за месец

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here