Без субвенциите, Германија си ја десеткуваше продажбата на електрични автомобили

Продажбата на електрични автомобили во Германија во јули опадна за 37 проценти во споредба со истиот месец лани. Нема субвенции.

На германскиот пазар во јули се продадоа значително помалку електрични возила отколку пред една година. Продажбата продолжува да се движи по надолна линија, откако кон завршетокот на минатата година беше укината помошта за купување електричен автомобил и со тоа се попречија плановите на производителите на автомобили да се префрлат на електричен погон.

На најголемиот автомобилски пазар во јули беа продадени 30.762 електрични автомобили, што е за 37 проценти помалку во споредба со истиот период лани.

Во јули е забележан најголем пад во продажбата на електрични автомобили, откако германската влада во декември ненадејно ги укина субвенциите. Наспроти тоа, продажбата на возила со останатите видови погон се зголеми за 7 проценти.

Општото забавување на електромобилноста ширум Европа, во сите земји во коишто се укинати субвенциите, им ги нарушува плановите на големите производители на автомобили и воведува неизвесност околу преоѓањето во ерата на електричните автомобили.

Кругот на богати купувачи со висока свест за животната средина веќе е исцрпен или е близу до исцрпување. Во исто време, недостигот од понуда на модели со достапна цена спречува најширокиот круг купувачи да се реши за купување електричен автомобил.

„Пресвртницата во електромобилноста засега е неодржлива,“ коментира Константин Гал, консултант во Ернст & Јанг, за резултатите од германскиот пазар. „пазарот го изгуби сиот залет и голем број купувачи се двоумат околу иднината на електричните возила.“

Уделот на ЕВ во јулската продажба во Германија се смали под 13 проценти, наспроти 30 проценти лани, кажуваат истражувањата на Ернст & Јанг. Тоа се случува во време кога производителите очекуваа големо забрзување во продажбата на возила со погон на батерија.

Во јули опадна и продажбата на ЕВ во Шведска, исто така еден од главните пазари за овој вид погон. Електричните автомобили имаа пад од 15 проценти во продажбата. Швајцарија исто така пријави за 19 проценти смалена продажба на електрични автомобили.

Забавувањето направи автомобилската индустрија да биде ранлива, откако вложи милијарди евра во пробивањето на технологијата.

Фолксваген, најголемиот европски производител, во минатата седмица соопшти дека ги скусил капацитетите во своите фабрики во Германија и можно е да ги одложи плановите за почеток на продажба на новите електрични модели.

Забавената побарувачка за ЕВ ги намали очекувањата за деловните резултати на производителите на автомобили во земјата, вклучувајќи ги Мерцедес-Бенц и БМВ, покажува истражувањето.

Консултантот на Еренст & Јанг вели дека продажбата на ЕВ во Германија ќе остане на ова рамниште и во следните месеци. Тоа создава неизвесност во плановите на производителите на автомобили да ја зголемат продажбата и да ги исполнат построгите барања за емисија на штетни материи на ЕУ што ќе стапат во сила в година.

Видеото од тестот на електричен Волво Е Икс 30

Претходна објаваХонда оствари рекордна добивка, расте побарувачката во САД, слаб јен
Следна објаваКинески МГ Мотор ќе гради фабрика во Мексико

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here