Делфино Мобилити Груп официјално пред македонската јавност го лансира најпродаваниот модел на Џили, Кулреј, на свечен настан каде беше претставен и Џили Стар-реј, сосема нов модел првпат промовиран во Македонија од сите европски земји.
(Соопштение за медиуми; Делфино Мобилити Груп) Двата Џили модели се достапни за купувачите во првиот и единствен од ваков вид, поп-ап салон лоциран во трговскиот центар Џевахир, каде е овозможено на иновативен и непосреден начин запознавање и доживување со возилата на Џили. Како и во салонот, и на самиот настан присутните гости имаа можност да влезат во автомобилите, да ги разгледаат и од прва рака да ја оценат ексклузивноста на Џили моделите.
Бројот и динамиката на продадени автомобили го потврдува потенцијалот на овој нов бренд, но и недостатокот на пазарот од ваква понуда и исклучителен автомобилски бренд.
„Горди сме и посебно мотивирани што го овозможивме и направивме достапен и за македонските граѓани овој динамичен и иновативен бренд на автомобил. Продажбата во само два месеци, покажа дека македонскиот автомобилски пазар има потенцијал за растење и проширување, посебно со понуда како што е Џили, рангиран меѓу топ 10 најпродавани автомобилски брендови на глобално ниво и автомобил создаден со кинеска виртуозност и перфекционизам, но со европска ДНК“, истакнаа Илија и Сашо Тоневски, сопственици на Делфино Мобилити Груп при лансирањето на новите модели.
Навлегувањето на Џили на македонскиот пазар, беше поздравено и од кинескиот амбасадор во Македонија, како зајакнување на деловните врски помеѓу Македонија и Кина, кој исто беше присутен на промотивниот настан.
Моделот Кулреј веќе достапен за тест возења и купување во Македонија, во салонот во Џевахир мол, а Џили Стар-реј, првпат виден во Македонија, се очекува да започне со продажба во третиот квартал на 2024 година.
Џили во својата групација ги поседува светски познатите брендови Волво, Полстар, Линк&КО,Зикр и Смарт, а има 12% удел во Астон Мартин и 10% од Дајмлер. Дополнително, има склучено мултимилијардерска соработка со Рено за развој на најсовремени мотори.
Совршеноста на Џили моделите е изградена врз размена на технологијата со неговите европски партнери и стратешки сојузи што ја зајакнува неговата глобална конкурентност и технолошка предност.
Делфино Мобилити Груп е компанија со богата историја во автомобилската индустрија која трае повеќе од 30 години од кои дваесет години успешно управува со франшизата на Сикст во Македонија, а од 2023 година и Сикст Албанија. Располага со повеќе од 1 000 возила низ регионот. Воведувањето на Џили во веќе богатото портфолио означува ново возбудливо поглавје и значајно проширување со автомобилски брендови и ексклузивни модели.
















