Шефот на концернот Фолксваген се приклучува во отпочнатата програма за штедење и се откажува од дел од својата плата. Извршниот директор Оливер Блуме, заедно со својот менаџерски тим, се откажа од пет проценти од основицата за својата плата.
Сега и управата на концернот Фолксваген се вклучи во штедење, за компанијата подобро да се подотви за иднината. Тоа го најави извршниот директор Оливер Блуме на годишната конференција на Фолксваген во Берлин.
Деветмината членови на управниот одбор во 2024 година ќе се откажат од пет проценти од својата основна плата. Наспроти тоа, променливите бонуси, што зависат од успехот на работењето, нема да се менуваат.
Блуме изјави: „Нашата фиксна сума ќе ја спуштиме за пет проценти. Цениме дека тоа е важен сигнал, оти и ние даваме свој придонес. Сосем свесно пристапивме кон овој чекор и тоа треба да ни помогне да постигнеме уште посилна ситуација.“
За извршниот директор, намалувањето на платата, споредено со деловната година 2023, значи сима пониска за 65.000 евра. Според деловниот извештај на Фолксваген, Блуме за изминатата година добил 1,3 милион евра основна плата за својата функција како шеф на концернот. Во двојна улога во ФВ, тој доби и 800.000 евра за неговата функција како шеф на Порше.
Вклучувајќи ги дополнителните ставки, Блуме за 2023 година добил основна плата во висина од 2,458 милиони евра. За менаџерите од тој ранг, сепак се многу поважни варијабилните ставки за вреднување, што за 2023 година изнесувале 8,7 милиони евра. Во извештајот на Фолксваген, основната плата за Блуме изнесува 9,7 милиони евра.
Excited about more than 3️⃣0️⃣ new models this year? Our CEO Oliver Blume describes the biggest product offensive in our history and explains a joint task for the mobility transformation at our #AMC24: pic.twitter.com/8Ix5UnIyt8
— Volkswagen Group (@VWGroup) March 14, 2024
По него е директорот за персонал Гунар Килиан, со плата во висина од 6,19 милиони евра за 2023. Трет менаџер по висина на плата е првиот човек на бизнисот во Кина, Ралф Брандштетер, кого компанијата лани го наградила со 4,81 милиони евра.
Претходникот Херберт Дис во 2022 година доби плата од 11,8 милиони евра. Фолксваген постави идната максимална граница за извршните директори да изнесува 15 милиони евра за година.
















