
Ниту Парламентот на ЕУ тогаш не беше посебно одлучен околу забраната: Со 340 гласови за и 279 гласови против, беше донесена одлуката за возила со мотор со внатрешно согорување (МВС) да не се регистрираат на ново во Унијата по 2035 година.
Оваа неодлучност покажа колку се спротиставени ставовите во политичката дебата што се водеше на оваа тема. Тоа ќе биде жешка тема и во следните години.
Агенцијата Сиви спроведе едно истражување во Германија, најголем пазар за автомобили во Европа и еден од најважните пазари во светски рамки. Прашањето за граѓаните беше „дали очекувате дека ќе се одложи забраната за МВС за нови возила во ЕУ, што е планирана за 2035 година“?
Потврдно одговориле 81 проценти од испитаниците. Од нив, 61 проценти веруваат дека така ќе биде „во секој случај“, а 20 проценти ценат дека тоа ќе биде „многу веројатно“.
Малкумина веруваат во забраната за МВС по 2025 година
Одвај некој верува дека забраната за МВС ќе стапи на сила во 2035 година, како што првично е намерата. Само 6 проценти се убедени дека „во никој случај“ нема да дојде до одложување на примената на забраната. Нив им се придружуваат 7 проценти, што ценат дека тоа „веројатно“ нема да се случи. Според тоа, само 13 проценти веруваат дека нови регистарски таблици по 2035 година нема да се постават на автомобил со МВС под хаубата.
Агенцијата Сиви го спроведе истражувањето од 21-ви до 28-ми декември 2023 година онлајн, меѓу 2.500 лица што се интересираат за автомобилската индустрија.















