
Според студија од ценета консултантска компанија, половина деценија по рокот по којшто како нови автомобили ќе може да се регистрираат само тие што имаат целосно електричен погон, дури 70% од возилата по патиштата во Европа сé уште ќе возат со мотори со внатрешно согорување.
Потрошувачката на електрична енергија на електричните автомобили и камиони во Европа ќе се злолеми драстично, според студијата од консултантската компанија Прајс Вотерхаус Куперс (ПвЦ).
Од денешните 16 тераватчасови, таа во 2040 година ќе се искачи на 355 тераватчасови. Во поглед на вкупната количина на електрична енергија, што во моментов се произведува во ЕУ, побарувачката за електрична енергија ќе се зголеми за 13 проценти. Така стои во студијата на ценетите ПвЦ.
Истражувањето на ПвЦ (коишто се присутни и во Македонија) е направено заеднички со германскиот институт Фраунхофер, катедра за системско и иновациско истражување.
Во 2040 година, сите новорегистрирани автомобили и товарни возила во ЕУ – веќе регистрираните возила ќе останат во нормален оптек и ќе си ја обновуваат регистрацијата вообичаено – ќе користат батериски или водороден електричен погон. Од возилата што тогаш ќе се движат по патиштата, 70 проценти од патничките автомобили уште ќе се движат на бензин или дизел. Кај товарните возила, уделот ќе изнесува 65 проценти.
„Според тоа, ќе потрае уште извесно време, додека почнеме да гледаме претежно електрични возила и додека тие ги потиснат возилата со мотори со внатрешно согорување од јавноста“, кажува експертот на ПвЦ Стратеџи, Филип Роуз. Бидејќи со постарите возила се патува помалку отколку со новите, емисијата на СО2, мерено директно на улица, ќе се преполови до 2040 година.















