Mercedes ќе го продолжи шефовскиот договор на Ола Калениус

На извршниот директор на Mercedes-Benz, Ола Калениус, ќе му биде продолжен договорот за извршен директор, објави Ројтерс, повикувајќи се на лице што е упатено во состојбите кај производителот од Штутгарт.

Тековниот договор на Калениус истекува во мај 2024 година.

Според изворот, не се очекува изненадување околу прашањето дали да му биде доделен уште еден мандат на Калениус. Менаџерот на 54-годишна возраст ќе ја предводи најстарата германска компанија во автомобилската бранша до средината на 2029 година.

Германскиот економски дневник „Ханделсблат“ претходно пишуваше дека одлуката на надзорниот одбор се очекува да биде донесена во текот на летово.

Од Mercedes уште немаат одговорено со коментар.

Вчера имаше премиера уште еден стратешки важен модел на Mercedes, новата генерација на CLE, којашто практично го продолжува поглавјето на двете претходни генерации на CLK.

Во објавата на твитер, Ханделблат пишуваат: „Швеѓанецот го санираше автомобилскиот производител од темел и го префрли на луксуз… Но, најтешката проверка доаѓа допрво,“

Во многу отмен манир, Mercedes во поново време продуцира скапи краткометражни филмови со коишто ги претставува своите нови модели

Претходна објаваSuzuki Hayabusa во посебна серија за 25-годишнината
Следна објаваАкио Тојода во интервју зборува како постигна Toyota да стане број 1

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here