Концернот на Peugeot и Fiat го отвора осмиот центар за софтвер во Полска

Со отворањето на новиот центар во Полска, Stellantis ја проширува мрежата од центри за развој на софтвер и за инженеринг на вкупно осум центри.

Новиот центар ќе биде лоциран во градот Гљивице, на југозападот на Полска, во близина на фабриката на концернот во Тихи. Околу 300 лица ќе работат во софтверскиот центар.

Според соопштението од Stellantis, новиот огранок ќе додаде „ресурси за развој на софтвер кон постоечките технички капацитети на Stellantis во Европа.“

Софтверот добива сé поголема важност во современите возила и прераснува во растечки извор на промет. Производителите на автомобили вложуваат дополнително и вработуваат сé повеќе директори со одреден вид искуство, со цел на клиентите да им се понудат повеќе услуги во конективноста, во располагањето со податоци и со е-трговијата.

Stellantis очекува дека со постојан раст, во 2030 година ќе достигне 20 милијарди евра годишен промет, преку својата стратегија што се заснова врз софтвер.

Тимот во Полска ќе учествува во создавањето возила во концернот Stellantis, што се раководат според софтверот во нив и коишто нудат услуги наменети за корисниците во целиот животен век на возилата. Тоа вклучува и обновување на софтверот, како и додавање нови функционалости, дури и по неколку години од произведувањето на возилото, посочуваат од компанијата.

Осумте центри за развој на софтвер на концернот Stellantis ширум светот

https://photos.app.goo.gl/xh2h4JrLoHtTKdV28

Мрежата од центри за развој на софтвер се состои од ограноци во Поаси/Франција, Риселсхајм/Германија, Торино/Италија, Обурн Хилс/Мичиген, два центри во Индија и уште еден центар во Бразил.

Претходна објаваContinental разви систем што го препознава лицето на возачот
Следна објаваPeugeot воведува благ хибрид како нов избор за погонот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here