Suzuki во еден замав ја освежува и дополнува својата понуда од мотоцикли во средната класа. Една од главните новини за годинава, покрај патничкото ендуро V-Strom 800DE, е уличниот GSX-8S.
Развојот на новиот Suzuki GSX-8S се раководеше според барањата на корисниците. За да се задоволат најразличните барања беа извршени оптимирања во сите подрачја. Резултатот е најдобар баланс во средната класа, односно мотоцикл што подеднакво е погоден и за почетници и за искусни мотоциклисти. Со едноставно програмирање, моќноста на новиот GSX-8S може да се смали на 35 киловати, односно 48 коњски сили.
Моторот на GSX-8S е новоконструиран паралелен-твин со зафатнина од 776 сантиметри кубни и патентирана технологија „Suzuki Cross Balancer“. Моќноста изнесува 61kW (83 КС), вртежниот момент е солиден со 78 Nm. Една од главните одлики на моторот е рамномерното ослободување на моќноста, што се должи на ексцентарот од 270 степени на коленaстото вратило. Моторот се однесува исто како прочуениот V-двоцилиндарец во SV 650. Новиот издувен систем ја исполнува нормата Euro 5 и се одликува со мошне кус придушувачки лонец.
Нова челична рамка во комбинација со подесливо подвозје KYB се грижи за лесна управливост, висок комфор и одлична стабилност. Техничкиот пакет е заокружен со „пливачки“ сопирачки дискови од 310 милиметри, нова алуминиумска задна вилушка, волан од алуминиум и резервоар од 14 литри, со којшто може да се смета на досег до 330 километри.
Во поглед на електрониката, новиот GSX-8S располага со познатиот систем
S.I.R.S. (Suzuki Intelligent Ride System). Тој се состои од избирач на режим на возење, контрола на тракција со три степени, Ride-By-Wire, Easy-Start-System,
Low-RPM-Assist и двонасочен Quick-Shifter. Возачот во секое време има преглед за вклучените опции на TFT-дисплејот од 5 инчи во боја.
https://photos.app.goo.gl/CenuZnZ7DLGLtRL7A
Свежиот дизајн на новиот нејкед-бајк се води околу вертикално поставените диодни светла. Во маската јасно се забележуваат диодните позициски светла. Деловите од минималниот оклоп се одликуваат со остри линии, со што се нагласува компактниот и јасен дизајн на новиот GSX-8S. Мошне се впечаливи натписите 8S.
https://photos.app.goo.gl/insvexa57Mw7rzm2A
Suzuki го испорачува GSX-8S во три бои, космички сина, бисерно бела и металик мат црна, во комбинација со сјајно црна боја.
Првпат во понуда од прибор се наоѓаат странични куфери, но и компоненти со висок квалитет од Gilles, како и најрзлични стилски додатоци.
Во ценовникот на македонскиот увозник на Suzuki, новиот најкед-бајк чини 10.990 евра.
https://photos.app.goo.gl/ZZJKz9H2bUyDxn7k9
https://photos.app.goo.gl/zoWbDu28y675PXtn8
https://photos.app.goo.gl/vWmhGEcUeNBj68V69
https://photos.app.goo.gl/CFmSPsYcwkWtJ63d7
















