Во категоријата на модели од средна класа од увозни марки, Alfa Romeo Giulia не ги пропушта симпатиите на читателите на магазинот auto motor und sport. Додека победникот во конкуренција на домашни марки се решава меѓу Audi A4, серијата 3 на BMW или Mercedes-Benz C-Class, кај негерманските марки победува Alfa Romeo Giulia.
Во последните седум години, Alfa Romeo Giulia шестпати осварувала триумф во изборот за најдобри автомобили според читателите на auto motor und sport. Во конкуренција во средната класа, во категоријата на увозни марки. се најдоа 18 модели.
Италијанската спортска лимузина беше пресвртница, за Alfa Romeo повторно да се избори за место меѓу премиум марките. Тоа што Tonale е прифатен одлично и веќе ја удвојува продажбата на миланската марка, секако дека во голем дел се должи и на имиџот што го остава Giulia, заедно со својата СУВ-верзија Stelvio.
Меѓу останатите значајни титули што ги освои Alfa Romeo Giulia се вбројува и Red Dot Award. Покрај тоа што еден производ – наградата се доделува за стотици категории на производи – треба да се издвојува со дизајнот, тој треба да остава и впечаток за солиден квалитет на изработка. Тоа не беше својствено за автомобилите од Арезе, во нивните славни 1960-ти и 1970-ти години.

auto motor und sport го организира изборот за „Best Cars” по 47-ми пат. Редакцијата им постави задача на своите читатели да гласаат за своето омилено возило, во конкуренција од 422 тековни модели, во 13 категории. Во секоја категорија се избира генерален победник и победник од увозните марки.
Alfa Romeo Giulia и Stelvio доживеаја промени во изгледот во новото моделско годиште и се очекува наскоро да ја доживеат својата македонска премиера во Аутомобиле СК.
Пласман на увозните модели од средна класа во изборот за „Best Cars“
Alfa Romeo Giulia
Skoda Superb
Hyundai Ioniq 5
Kia EV6
Polestar 2
Tesla Model 3
Volvo S60/V60
Jaguar XE
Mazda 6
Genesis GV60
Peugeot 508
Genesis G70
Citroen C5 X
Subaru Outback
Toyota Camry
BYD Seal
















