Volkswagen ID.3 и ID.4 се продаваат шампионски, нема двоумење дека низата треба да се продолжи за уште една бројка. За два дена, Волфсбург ќе ги претстави ID.5 и неговата спортска изведба ID.5 GTX, со електромотор за секоја оска, со долг досег и најнова генерација софтвер.
Тоа што се случува со електричните автомобили на Volkswagen е дел од стратегијата Accelerate, којашто во видно време ќе нé донесе до целосна електрификација и дигитализација. Одлична стратегија. Во светското првенство во најпродавани автомобили на струја, Volkswagen во септември бил на четвртото место со својот ID.4, со 13.138 продадени примероци, а веднаш по него следи ID.3 со 8.397 примероци. Четвртото и петтото место се несвојсвени за марката од Волфсбург, но кога станува збор за пазарот на електрични автомобили, тоа значи дека Volkswagen во септември бил веднаш зад „монструозните“ Tesla Model 3 и Model Y, како и по кинескиот Wuling Mini EV, најевтин електричен автомобил во светот. Затоа, во молкавично темпо по ID.3 и ID.4, следи ID.5.
СУВ-купе изведбата контруирана врз платформата MEB не е изненадување и не е невидена. Volkswagen повеќепати го покажа моделот во јавноста, иако маскиран и наводно во фаза на прототип. Но, само требаше да дојде времето за премиeрата на ID.5 и на неговата изведба GTX, којашто кај електричните модели на VW е исто што GTI е меѓу бензинците.
Со 4,61 метри, каросеријата на ID.5 е за три сантиметри подолга од ID.4. Покривот следи елегантна купеовска линија, опашот завршува со светлечка лента по цела ширина и со впечатлив спојлер.

Соодветно на купе-карактерот, ID.5 ќе користи посилни погонски единици, односно ќе стартува со електромотор со 204 КС на задната оска. Посилната изведба ID.5 GTX ќе располага и со електромотор напред, со што системската моќност ќе достигне 299 КС. Батеријата и во двата случаи располага со 77 kWh. Досегот би требало да изнесува околу 500 КС, слично како ID.4.
Сите детали ќе бидат познати во среда.
https://www.youtube.com/watch?v=yag9N33LRG4
















