Во првиот ден на Volvo Cars на берзата се јавија повеќе од 200.000 нови акционери, откако компанијата ги понуди своите акции за тргување на берзата во Стокхолм.
Првата јавна понуда на акциите на Volvo Cars привлече голем интерес од институционалните инвеститори во Шведска и од странство. Потегот наиде на позитивен прием меѓу јавноста во Скандинавија.
Хакан Самуелсон, извршниот директор на Volvo Cars и пионер во бројни подрачја во овие бурни времиња, изјави во чест на берзанскиот старт на неговата компанија: „Сакам да искажам топло добредојде за сите наши нови акционери. Ќе работиме напорно да го исполниме нашиот план и да создадеме додадена вредност за сите вас.“

Првиот ден од тргувањето со акциите на Volvo Cars на Nasdaq Stockholm беше одбележан со традиционалната церемонија на удирање во ѕвоно во студиото на компанијата во Стоххолм, главниот град на Шведска.
















