Lexus LX со премиера во Москва во следната седмица

Во вообичаениот стил на Lexus, со откривање само на датумот на премиерата и на детал од возилото, за сцената да се заинтересира и да изнесува претпоставки, Lexus LX во следната среда, на 13-ти октомври, ќе се појави во нова генерација пред светот.

Lexus ја најавува премиерата на новиот LX за в среда, преку 15-секундно видео на коешто каросеријата одвај една секунда се гледа делумно. Колку што може да се насети од силуетата, новиот LX е луксузна варијанта на Land Cruiser 300, што исто така стартуваше во нова генерација годинава. Во досегашните генерации, LX исто се базираше врз култниот теренец на Toyota.

Видеото прикажува предел на тундра, што се поврзува и со местото на коешто Lexus LX ќе ја доживеее премиерата. Таа е закажана за 13-ти октомври, во 18:30 часот средноевропско време (19:30 по московско време). Автомобилот ќе биде претставен во Музејот на современа уметност „Garage“ во Москва.

Како мала помош за стилот на луксузниот СУВ од врвна класа, Lexus објави слика од опашот на LX, каде што се забележува и ознаката LX 600. Платформата е GA-F, што освен Land Cruiser 300 ја користи и американскиот пикап Toyota Tundra.

>> Toyota започнува со продажба на новиот Land Cruiser во Јапонија>

Претходна објаваГерманците сé повеќе возат Toyota, хибридна секако
Следна објаваСледното издание на салонот во Женева одложено за 2023 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here