Дизелите се продаваат помалку од електричните во Британија

dizel oznaka hrom

Во јули се регистирани повеќе електрични автомобили, отколку автомобили со дизел мотор во Велика Британија. Тоа е веќе втор месец во низа, во којшто електричните ги престигнуваат дизел автомобилите, воедно и трет пат во последните две години. Бројот на новорегистрирани автомобили сепак е во пад, со 123.296 возила или за 29,5 проценти помалку во споредба со јули лани.

Електричните автомобили ги престигнаа дизел автомобилите во бројот на новорегистрирани возила во Велика Британија. Возилата со бензински мотор сепак се во неприкосновено водство. Во јули, чисто електричните автомобили учествувале со 9 проценти во вкупната продажба на возила во земјата.

На возила со приклучен хибриден погон отпаѓаат осум проценти, за чистите хибриди и натаму остануваат 12 проценти од вкупниот британски пазар во јули. Наспроти тоа, дизелите учествувале во продажбата со само 7,1 проценти.

Властите во Лондон планираат во 2030 година да воведат забрана за продажба на нови возила со мотор со внатрешно согорување. На возилата со хибриден погон им останува рок уште до 2035 година. На тој начин ќе се постигне до 2050 година во островската земја да се возат исклучиво електрични возила или возила со алтернативен погон. Во таа насока се вложува и во изградба на фабрики за батерии во Велика Британија.

Претходна објаваПоради кризата: Автомобили излегуваат од фабрика со лажни чипови
Следна објаваPagani одбележува 10-годишнина на Huayra со специјална „Pacchetto Tempesta“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here