Меѓу 1-ви април и 30-ти јуни, компанијата имала приход од 1,1 милијарда долари. Тоа е десетпати повеќе од вредноста што Tesla ја постигна во истиот период лани. Прометот се зголеми двојно, на дванаесет милијарди долари.
Кварталните резултати на компанијата на Илон Маск се далеку над прогнозите на аналитичарите. Tesla постигна рекорди и во поглед на испораките на возила и производството. Пионерот на електромобилноста им испорачал 201.304 возила на своите клиенти и произвел 206.421 електрични автомобили во вторниот квартал.
Калифорнискиот електро-специјалист ги потврди прогнозите за следните години. Се очекува просечен годишен раст од 50 проценти во бројот на испорачани возила. Со текот на годините, продажбата ќе расте уште попрогресивно.
Во меѓувреме напредува фабриката во близина на Берлин, како и втората фабрика во САД, во Тексас. Во двете фабрики се очекува уште во текот на годинава да стартува производството на Tesla Model Y. Во корист на овој модел се одложува стартот на испораките на електричниот камион Tesla Semi Truck за 2022 година.
















