Производителите до скоро беа во голема неизвесност околу тоа како големиот германски пазар ќе реагира на електричниот погон. Нормално дека „автонацијата“ е горда на своите Бенц, Ото, Дизел, Ванкел, чиишто изуми уште го движат светот. Се покажа дека Германците немаат ништо против електричниот погон. Toyota моментно „притиска“ со својот електричен Proace и сака да го привлече вниманието на бројните фирми што во својот возен парк уште се „палат“ на дизел и бензин.
Во германскиот град Келн, каде што се наоѓа седиштето на локалниот огранок на Toyota, на површината на целиот калкан на една зграда е нацртана реклама за електричниот Proace. Станува збор за предимензиониран мурал, еден вид графит, со кого што јапонската марка го привлекува вниманието на многубројните компании што користат доставни возила во својот возен парк. Оваа Toyota има дополнителна предност, а тоа овојпат не е хибридниот погон. Proace вози на струја. Toyota моментно одржува недела на бизнисот во Германија, овозможувајќи им посебни услови на деловните субјекти да набават возила или да склучат договор за услуги и слично – под мотото „Für Macher gemacht“, односно направено за махери. Оттаму, патем, ни доаѓа одомаќениот збор „махери“, за некој што умее.
Од канцеларијата за маркетинг на германската Toyota објаснуваат дека со „оваа акција сакаме да нагласиме, колку занаетчиската дејност е многуслојна, шарена и современа“. Toyota цени дека нејзината понуда од доставни возила исто така е многустрана и нуди решение за секоја дејност. Профи-возилата со знакот на Toyota се просторни, функционални и надежни, без разлика дали со мотор со внатрешно согорување или електромотор.
https://photos.app.goo.gl/WsmXvJzRSLJRzLvGA
Специјалната понуда на Toyota во времетраењето на Неделата на бизнисот вклучува месечна рата од 129 евра (без ДДВ) за Proace City, односно месечна рата од 238 евра за електричниот фургон Proace Electric. Нема учество, во понудата се вклучени сите сервисирања. Секако, оваа ексклузивна понуда важи само во времетраењето на Неделата на бизнисот, еднаш во годината.
Македонската Toyota исто така е мошне активна летово. Штотуку е почната промоција на Релакс, што за сите возила од понудата на Toyota, од Aygo до Land Cruiser, нуди гаранциски период од 10 години или 200.000 километри. И ратите за Proace се сосем пристојни. Без ДДВ, Proace City стартува од 13.135 евра.
















