Mercedes пушти нова колекција ексклузивни очила за сонце

Пет модели на ексклузивни очила за сонце им стојат на располагање на луѓето што сакаат светот да го гледаат и низ очила на Мercedes.

Изгледот на новите очила за сонце од соработката меѓу германската мануфактура ic! berlin и Mercedes-Benz се раководи според дизајнот на возилата на Mercedes-Benz и Mercedes-AMG. Колекцијата се води под Capsule 2021 и нуди динамични форми, ексклузивни материјали, акценти со детали лакирани во контрастна боја и одличен комфор при носење.

Овие очила траат долго и ја оправдувааат цената со рамката од благороден челик, стаклата Zeiss, силиконски перници за нос и најквалитетни шарнири. Покрај логото на Mercedes-Benz, „марката“ на очилата ја прикажуваат и ѕвездите што се изработени со ласер врз рачките.

Mercedes-AMG Modell AMG 02 се машки очила со нова интерпретација на „пилотки“, достапни во четири комбинации од бои и со рачно нанесени акценти во црвена, жолта или сина боја.

Вториот модел се MB Shield 02, како унисекс модел со футуристички изглед, достапен во две комбинации од бои. Уште еден унисекс модел се MB 04, со спортска елеганција, тешки само 17 грами. Нова интерпретација на очила со трапезна форма е машкиот модел MB 05, кои се префинети со својата едноставност. Четири комбинации од бои се стандард во целата понуда.

За модерните дами се наменети MB 06, предимензионирани и со форма на пеперутка, како ретро-шик со луксузен стил. Посебно благороднички изгледа варијантата што е финиширана розево златна боја.

Очилата ic! berlin моментно се продаваат во повеќе од 60 држави ширум светот, а се изработуваат во Берлин. Фирмата вработува околу 180 лица. www.ic-berlin.de

https://www.instagram.com/p/COpsN0cosj8/

Претходна објаваШуду е првата виртуелна супермоделка и работи за Lexus
Следна објаваМакпетрол ја реновираше бензинската станица во Кичево

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here