General Motors повикува 1,4 милион возила во сервис

Поради проблеми со палењето, General Motors повикува во сервис преку еден милион возила. Се претпоставува дека неисправноста на возилата е причина за смртта на 13 лица.

Концернот General Motors повикува 1,37 милион возила во сервис поради проблем со контакт бравата. Кај постарите возила од марките Chevrolet, Pontiac и Saturn постои опасност клучот во бравата да се врати во положба на исклучено за време на возењето. Заедно со моторот престануваат да работат и повеќето електрични системи. Според наодите на автомобилскиот концерн, овој проблем предизвикал смрт кај 13 лица, поради тоа што предните воздушни перници не се отвориле во 31 пријавен случај.

Сервисниот повик стартуваше пред две недели на пазарот во САД и Канада, со половина помалку возила, но General Motors сега реши да ги повика во сервис и другите модели произведени во периодот од 2003 до 2007 година. Опасноста од гаснење на моторот и електриката е поголема кога се вози по нерамен терен и кога приврзокот на клучот е тежок. Моделите што се повикуваат во сервис се Chevrolet Cobalt и HHR, Saturn Sky и Ion, Pontiac Solstice и Pontiac Pursuit, од кои последниов се продава само на канадскиот пазар.

Претходна објаваСалон Женева: Mini Clubman порасна колку Golf
Следна објаваДобри и скапи: Велосипедите на BMW се исти како автомобилите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here