Британците купуваат Astra по половина цена

Беспоштедната ценовна битка да се врати купувачкиот дух доведе до таму Opel Astra да се нуди со повеќе од 50 проценти попуст на британскиот пазар. Такво нешто не се случило досега.

Медиумите во Британија денес пишуваат дека за прв пат се случува автомобил во земјата да се продава со попуст поголем од половина од редовната продажна цена на возилото. Официјалната дилерска мрежа на Vauxhall, како што се води марката Opel на островот, им нуди на приватните купувачи попусти во висина и до 12.000 евра, дури и кај основните моделски изведби на Astra.

Според редовниот ценовник, Astra со 1,4-литарски бензинец, средно ниво на опрема и каросерија со пет врати чини 19.160 фунти, односно нешто повеќе од 23.000 евра. Оваа моделска изведба во британските салони на Vauxhall моментно се нуди за 9.495 фунти, односно 11.500 евра – според тоа, заштедата изнесува 9.665 фунти (11.739), или повеќе од половина од редовната цена.

Огромните попусти не се новитет на британскиот пазар. Во минатата година официјалната дилерска мрежа на Skoda нудеше попусти од преку 20 проценти, додека Suzuki ја смалуваше цената во висина на ДДВ за возилото. Преку неофицијалните дилери, Ford продаваше со попусти и до една третина од вредноста на возилото.

Kia и Fiat се продаваа според принципот „купи едно, земи едно бесплатно“. Во стравување дека ќе остане огромна непродадена залиха, Citroen пред воведувањето на новата генерација на Picasso го продаваше моделот од актуелната генерација со попуст од точно 50 проценти – за нов, некористен автомобил!

Но, досега не се случи автомобил да се продава со попуст поголем од 50 проценти, особено кај модели што се продаваат одлично, конкретно како Astra, која што во минатата година беше четврти најпродаван модел на британскиот пазар. Доколку купувачот се реши за лизинг на три години, целата зделка ќе чини 10.958 фунти (13.300 евра), вклучувајќи учество во висина од 99 фунти (120 евра). Повеќето модели во помалата класа на возила се поскапи од оваа понуда на Vauxhall.

Претходна објаваМалечки возила ќе го преплават салонот во Женева
Следна објаваСалон Женева: Mini Clubman порасна колку Golf

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here