Toyota Aygo X Prologue: Малечко, зашто е убаво

Светскиот првак во производство на автомобили не само што останува во сегментот на градските автомобили, туку подготвува и целосна промена на тоа што досега се доживуваше под поимот мал автомобил. Најава за наследникот на Toyota Aygo.

Toyota преку концептот Aygo X Prologue го испитува пазарот дали има место за кросовер во сегментот на градските автомобили. Со 3,7 метри должина и 1,5 метар висина, тој е по малку подолг и повисок од сегашниот Aygo. Повеќе корист ќе има од дополнителните 9 сантиметри во меѓуоскиното растојание (2,34 метри), кои по правило треба да донесат повеќе простор во кабината.

Малечкиот кросовер има весела појава и остава малку поагресивен впечаток од сегашниот модел. Дизајнерите на Toyota ценат дека автомобилите во овој сегмент досега се правеа да изгледаат „преслатки“ и сакаат да го сменат тоа со Aygo X Prologue. Носечка идеја за време на созревањето на дизајнот било да се „зачини“ изгледот, открива Јан Картабиано, шеф на дизајнерското студио на Toyota во Ница, Франција.

https://photos.app.goo.gl/nCoZ1FZeHd3nmnss8

Toyota уште не потврдува дека X Prologue ќе влезе во сериско производство. Но, сосем е извесно дека наследник на Aygo ќе има, затоа што јапонската компанија неодамна најави нов модел во таа класа, којшто ќе користи иста платформа со Yaris и со неговата изведба Yaris Cross. Стратезите на Toyota обично не грешат и нивните концептни автомобили досега редовно доживувале сериско производство.

Aygo X prologue во основата го прикажува дизајнот на идниот Aygo, доколку се отстранат пренагласените крила и се замислат помали тркала од 19 инчи кај студискиот автомобил.

https://photos.app.goo.gl/UtH2gfWV2pfNgWRV9

https://photos.app.goo.gl/UwFu7hp2qd8dPYPB7

https://photos.app.goo.gl/PgwKJec8bQZcU1rH7

>>> Toyota најавува електричен СУВ за салонот во Шангај

Претходна објаваSuzuki Jimny ќе добие изведба со продолжена каросерија
Следна објаваЕлектричниот BMW iX чини исто колку дизел X5

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here