Во огранокот за супербрзи автомобили BMW M GmbH течат подготовките за почетокот на сезоната 2021 во МотоГП. Стартот е на 28-ми март, на трката за големата награда на Катар, во Лосел. BMW M има улога на „Официјален автомобил на МотоГП“ уште од 1999 година. Стартот на сезоната ќе го обезбедуваат три автомобили и еден мотоцикл.
Три М-автомобили ќе стартуваат во новата сезона во МотоГП во Катар: BMW M3, BMW M4 и BMW M5 CS. Нив им се придружува BMW M 1000 RR, како прв М-мотоцикл, кој во тркачката верзија учестува и во самото првенство.
Возниот парк ќе се комплетира со BMW M8 Competition Coupé, на првата европска трка, на 18-ти април во португалскиот Портимао. На тоа ќе следи уште BMW M8 Competition Gran Coupé, како и BMW X5 M во улога на возило за прва помош, плус уште еден BMW M 1000 RR.
Новите безбедносни возила се базираат врз сериски модели, кои со перформансите и возните својства совршено се погодени за примена на тркачките патеки покрај брзите мотоцикли. Неопходни беа само неколку преправки: Поставување светлосна сигнализација, брзи брави за хаубата, како и главен прекинувач на струја, за прекуморски транспорт. Во BMW M4 Competition Coupé е отстранета задната клупа и вграден е заштитен кафез, како и спортски ремени со 4 точки. Покрај тоа, сменет е издувот на BMW M3 и BMW M4.
Сменети се и боите. Место класичната бела боја, безбедносните возила се лакирани во ексклузивни бои: BMW M3 Competition е во боја Frozen Grey Dark Metallic, BMW M4 Competition Coupé е лакиран во São Paulo Yellow, додека BMW M5 CS е во бојата Frozen Deep Green Metallic.
https://photos.app.goo.gl/zJEqq1cBZWYbwi6v9
https://photos.app.goo.gl/7SKJs2vwxLnQqW9u7
https://photos.app.goo.gl/SjfjyDmkNdDyhmNN7
https://photos.app.goo.gl/sGwzyfFHj7GuLC2p9
















