Porsche вложи дополнителни 70 милиони евра во хрватскиот Rimac

Во хрватски Rimac се изработуваат 6 претсериски C-Two

Надзорниот одбор на Porsche AG даде зелено светло за нови вложувања во електричните автомобили. Уделот на спортската марка на Volkswagen се зголеми од 15 на 24 проценти.

Хрватската компанија Rimac Automobili развива и произведува компоненти за електричен погон, вклучувајќи и погон со високи перформанси и батериски системи. Производството на суперспортски автомобили со електричен погон исто така е дел од активностите компанијата што го носи името на основачот Мате Римац.

Porsche во 2018 година инвестираше во младата компанија, а во септември 2019 година го зголеми уделот на 15 проценти. Новото вложување е вредно дополнителни 70 милиони евра. Спортската марка отсега располага со 24 проценти удел во акциите.

Rimac му помага на Porsche во изработката на прототипи, како и во развојот на компоненти. Хрватската компанија е на пат да стане главен добавувач на компоненти за Porsche и за останатите марки во сегментот на високи перформанси. Мате Римац веќе го има добиено првиот налог за развој на компоненти за вградување во сериските модели на Porsche. Германскиот производител моментно учествува со акции во повеќе од 20 стартап-компании и осум капитални фондови.

Мате Римац ја основаше компанијата во 2009 година на возраст од 21 година

Седиштето на Rimac Automobili се наоѓа во Света Недеља во близина на Загреб, кадешто работат околу 1.000 лица. Rimac Automobili развива и изработува суперспортски автомобили со моќност до 2.000 КС и со крајна брзина од преку 400 km/h. Компанијата испорачува технологии и системи за повеќе реномирани производители на електрични автомобили.

Rimac Automobili Porsche

>>> На хрватскиот хипер-електромобил Rimac C_Two му остануваат уште деталите

Претходна објаваКалифорниско гратче забрани изградба на нови станици за гориво
Следна објаваРСБСП со честичка за 8-ми Март: „Жените возат одговорно“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here