Замислата по пример на класичната јапонска градина за медитација победи на вториот натпревар за дизајнери Lexus UX Art Car. Зад оваа единствена креација стои студиото Clap од Валенсија.
Шпански дизајнери го заменија вообичаениот лак на каросеријата на Lexus UX со хартија. Со илјадници хартиени ливчиња. Ова уметничко дело се најде меѓу шесте избрани финалисти на вебсајтот на шпанскиот увозник за Lexus. Публиката даде најмногу гласови за него.
Фотографиите од „хартиениот“ Lexus исто заслужуваат да бидат поздравени како посебно уметничко дело. Тие се направени во дворот на Клуб Алма во Мадрид. Имињата на уметниците се Жорди Иранзо и Анхела Монтагуд. Нивната работа беше готова за еден месец, под инспирација од клучните вредности на UX – од технологијата, дизајнот, иновативноста и деталноста.
Нашиот концепт е зен градина што претставува состојба на умот: спокојство, чиста свесност
Clap Studio
https://photos.app.goo.gl/7TNUFzJE9mXRPEbR9
Иранзо го гледа Lexus како „совршена хармонија во нашата зен градина, единство на природата, технологијата и иновативноста. Човечка креација од геометриски линии и беспрекорна симетрија, покриена со растителен живот“.
Монтагуд го објаснува начинот на создавање на делото: „Користевме хартија, како значаен елемент во јапонската култура и ја покривме каросеријата на автомобилот во форма на Lexus-вегетација, давајќи и волумен“. Уметницата понатаму објаснува дека светлото е клучен квалитет во јапонската уметност и дизајн, во случајов претворајќи го Lexus UX во живо битие. „Зависно од местото, бојата и интензитетот на светлината, се создаваат текстури и бои кои се менуваат во текот на денот“, резимира Монтагуд.
https://photos.app.goo.gl/tYphKwCWt1Pv7ZhH7
https://photos.app.goo.gl/D17iNWy7xVjtPCmR6
>>> По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

















