И тоа е вложување: 40.000 ковани пари по цела каросерија

Двајца австралиски комичари залепија 40.000 ковани пари врз каросеријата на Holden Astra со намера да ја зголемат вредноста на автомобилот.

Кога треба да се продаде стариот автомобил, се знае што е потребно да се направи. Вредноста на автомобилот треба да се зголеми со колку може помало вложување и труд. Возилото прво се мие и чисти темелно, се дотеруваат неколку гребаници, може да се смени и некој филтер, потоа се оди на продолжување на регистрацијата и подготовката завршува. Двајца австралиски комичари добија малку поинаква идеја, како да ја зголемат вредноста на својата Holden Astra.

Мајкл Брекхојс (31) и Марти Соколински (32) залепија ковани пари во вредност од по неколку центи по целата каросерија на Opel Astra, којашто во Австралија се продаваше под марката Holden.

Како што е документирано на нивниот профил на фејсбук, комичарите на сите места се обиделе да ја продадат црната Holden Astra, но безуспешно. Дилерите ја проценувале вредноста најмногу на 500 долари, а повеќето воопшто и не биле заинтересирани да го откупат возилото. Мајкл и Марти нашле решение и три дена лепеле парички по каросеријата на Holden. Вкупната „инвестиција“ во подготовката на автомобилот: 2.000 австралиски долари.

Holden веќе извесно време е згасната автомобилска марка, што во својата долга историја имаше бројни оригинални и впечатливи модели, како дел од американскиот General Motors, заедно со Opel.

Претходна објаваRenault Zoe лани бил најпродаван електричен автомобил во Германија
Следна објаваДилер во Зимбабве увезува користени електромобили од Јапонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here